По одигрувањето на 18. коло се чини дека се познати три екипи кои ќе имаат предност на играње на домашен терен во претстојниот бараж за пополнување на Првата лига.
Ако ситуацијата за Вардар и за Соколи 1933 беше јасна и претходни, извесно е дека на водечкиот двоец му се приклучува и екипата на Работнички 2018, која во ова коло беше пресилна за „фенерџијата“ во оваа конкуренција, Црн Дрим. Славеа „црвено-белите“ со повеќе од убедливи (97:38), за скор (14-5), и сосема извесно трето место на табелата пред одигрување на трите последни мечеви од регуларниот дел од сезоната во Втората лига.
Сега се на две победи повеќе во однос на екипата на Ангели (12-7), и три пред се подобриот состав на МКК Куманово, кој го доби дуелот токму со екипата од Драчево, со убедливи (85:60), и сега е на ефект (11-8).
Особено важни ќе бидат претстојните три кола за пласман во првата „осумка“, и места кои водат во продолжување на сезоната.
ГКК Охрид (скор 10-9) е на чекор пред „трилингот“ МЗТ Скопје Уни Банка, Водно Санс и Шкупи, сите со ефект (9-10). И практично, меѓу овие четири екипи ќе се бараат три кои ќе бидат дел од доигрувањето.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО
Работнички 2018 – Црн Дрим 97:38
Соколи 1933 – ГКК Охрид 90:73
Баскет Кам – Вардар 66:90
МКК Куманово – Ангели 85:60
Шкупи – Водно Санс 95:72
МЗТ Скопје Уни Банка – Борец баскет 89:51
ТАБЕЛА: Вардар 35, Соколи 1933 33, Работнички 33, Ангели 31, МКК Куманово 30, ГКК Охрид 29, МЗТ Скопје Уни Банка 28, Водно Санс 28, Шкупи 28, Борец Баскет 26, Баскет Кам 22, Црн Дрим 19;
ИДНО КОЛО (25.03)
Црн Дрим – МЗТ Скопје Уни Банка
Вардар – Работнички 2018
Борец баскет – Соколи 1933
Ангели – Шкупи
ГКК Охрид – МКК Куманово
Водно Санс – Баскет Кам