07.11.2022

Ангели, Вардар, ГКК Охрид и Соколи 1933 имаат скор од три победи и еден пораз...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Четири екипи со ист ефект на челните позиции

Четвртото некомплетно коло, (вечерва во Скопје, играат Водно Санс и Работнички 2018, издефинира и четири екипи кои се на делба на првата позиција во Втората лига.

Сите се со скор од три победии еден пораз.

Во овој круг од натпреварите се чини дека најважната ја реализираа кошаркарите на Соколи 1933. На гостувањето во Чаир, штипјани ба подобри од Шкупи со резултат (72:66).  

Доста интересно беше и „Под Кале“ каде екипата на Вардар во неизвесен натпревар излезе како победник против составот на МКК Куманово (81:73).

До третата победа во новата сезона, дојде и екипата на ГКК Охрид, на домашен терен против „фенерџијата“, Борец баскет со убедливи (101:75).

Ист е и ефектот и на скопски Ангели кои без особени проблеми го поминаа струшки Црн Дрим, (95:63).

Со победа на гостински терен може да се пофали и младата екипа на МЗТ Скопје Уни Банка, во Македонска Каменица, каде беа подобри од Баскет Кам со (85:76).  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ГКК Охрид – Борец Баскет         101:75

Вардар – МКК Куманово           81:73

Ангели – Црн Дрим         95:63

Шкупи – Соколи 1933     66:72

Баскет Кам – МЗТ Скопје Уни Банка  76:85

Водно Санс – Работнички 2018           07.11

ТАБЕЛА: Ангели 7, ГКК Охрид 7, Вардар 7, Соколи 1933 7, МЗТ Скопје Уни Банка 6, Баскет Кам 6, МКК Куманово 6, Шкупи 6, Водно Санс 5 (-1), Работнички 4 (-1), Црн Дрим 4, Борец Баскет 4;

ИДНО КОЛО (05.11)

МЗТ Скопје Уни Банка – Водно Санс

Црн Дрим – ГКК Охрид

Работнички 2018 – Ангели

Соколи 19433 – Баскет Кам

МКК Куманово – Шкупи

Борец Баскет - Вардар