16.11.2023

Двете екипи во првите шест кола имаат идентичен ефект, пет победи и еден пораз со кој го следат лидерот МКК Куманово...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Дерби во Маџари, гостува Шкупи

Колото број 7 во Втората лига го носи и дуелот на две екипи од горниот дел од табелата, кои се „позиционирани“ веднаш до досега непобедениот состав на МКК Куманово.

Во сабота, од 19.часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари, следува дуелот помеѓу еипите на Маџари и на Шкупи.

И екипата од Маџари и екипата од Чаир, засега се на ефект од пет победи и еден пораз, по што извесно е дека победникот на овој дерби-дуел ќе остане во трката за лидерската позиција на која е МКК Куманово со максимални шест победи во исто толку натпревари.

Се очекува и вистинско тренерско надмудрување, ако се знае дека на едната страна на клупата на Маџари е Перо Блажевски, на другата, онаа на Шкупи, уште една голема македонска играчка легенда – Тони Симиќ.

Водечката екипа во оваа конкуренција, МКК Куманово има гостување во Прилеп, против екипата на Мега Баскет, во натпревар кој се игра во исто време како и дуелот во Скопје (сабота - 19.часот), и оној во Штип, каде Соколи 1933 му е домаќин на тетовски Тетекс ТТК.

Доста интересен се очекува да биде и натпреварот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ каде во сабота (15.часот), МЗТ Скопје Уни Банка го пречекува составот на Ангели.

Во недела се играат два натпревари, од 15.часот, во СРЦ „Кале“, ќе играат Водно Санс и Работнички 2018, додека пак од 18. часот, во салата „Перо Наков“ во Куманово, Куманово 2009 ќе се обиде да дојде до првиот успех во сезоната против велешки Борец баскет.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 7.КОЛО

18.НОЕМВРИ (САБОТА)

15.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8EHr3KdmGTQ?si=yrpXglEivEzH4RGc

19.00: Мега баскет – МКК Куманово

Сала „Добре Јовановски“ - Прилеп

19.00: Маџари – Шкупи

Сала „Наум Наумовски – Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nFLeFvxMXfk?si=jHUdR7CCQ5zJ5tm_

19.00: Соколи 1933 – Тетекс ТТК

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

19.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Водно Санс – Работнички 2018

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_8ZFSJ0eJ6c?si=4kITK0tEX5jBb2Ty

18.00: Куманово 2009 – Борец баскет

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/h_BaMitgcI4?si=mZmB00XToegDb6GM

ТАБЕЛА: МКК Куманово 12, Шкупи 11, Маџари 11, Ангели 10, Соколи 1933 9, МЗТ Скопје Уни Банка 9, Борец баскет 9, Водно Санс 9, Мега Баскет 8, Тетекс ТТК 7, Работнички 2018 7, Куманово 2009 6;