10.11.2023

Лидерот МКК Куманово го пречекува младиот тим од Аеродром, локална пресметка во Кисела Вода, Ангели домаќин на Водно Санс...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Дербито е во Чаир, Шкупи против штипјани

Шестото коло од второлигашката конкуренција носи неколку доста интересни натпревари. А според програмата, три се предвидени за саботниот а уште толку во неделниот термин.

Се чини дека за нијанса, според својата неизвесност, како дерби на колото број 6, е дуелот кој се игра во Чаир, а во кој во недела од 17.часот, во салата „Зеф Љуш Марку“, ќе се сретнат Шкупи и Соколи 1933.

Дуел на две екипи кои ги дели „една победа“, но во кои „сино-белите“ се две места понапред на табелата и важат како умерени фаворити, особено што тимот кој сега го предводи Тони Симиќ е во серија од неколку пбеди, која ги става на чекор до лидерот на табелата, МКК Куманово (5-0).

Кумановци нема да имаат лесна задача во дуелот со младиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка (3-2) во натпреварот кој се игра на 11. ноември (сабота) од 19.часот во салата „Перо Наков“.

Екипата на Маџари (скор 4-1), која гравитира во горниот дел од табелата ќе игра против Работнички 2018 (1-4) во салата во „Градски парк“   (недела, 18.часот).

Неизвесност се очекува и во скопската пресметка, помеѓу екипите на Ангели (3-2) и на Водно Санс (3-2) во натпревар кој е закажан за 11. ноември (сабота), со почеток од 16.30 часот, а ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Во недела (15.30 часот) во Велес, Борец баскет (2-3) го пречекува прилепски Мега баскет (2-3), а шанса за прва победа во сезоната ќе има и екипата на Тетекс ТТК, пред својата публика, во дуелот против втората екипа без победа во првите пет кола – Куманово 2009.

Натпреварот се игра во сабота, во салата „Економско“ во Тетово, а стартува од 18.часот.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ  6.КОЛО

11. НОЕМВРИ (САБОТА)

16.30: Ангели – Водно Санс

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hr0AAO6flFk?si=kpxnPJLkoWWvvXMA

18.00: Тетекс ТТК – Куманово 2009

Сала „Економско“ - Тетово

19.00: МКК Куманово – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xllfkl0yJJA?si=oIrTOBmjdv5TD2_5

12. НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

15.30: Борец Баскет – Мега баскет

Сала „Гемиџии“ – Велес

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jODCugQmpQY?si=lyFAN7O5nsTG7hy_

17.00: Шкупи – Соколи 1933

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/6kJwiX6ebLc?si=8b744fGLyAc6KQ5Y

18.00: Работнички 2018 – Маџари

Сала „Градски парк“ – Скопје