Екипата на Маџари го доби дерби дуелот на 7. коло во Втората лига. Иако беа во постојано резултатско заостанување во повеќе од три четвртини, на крајот, со зонска поставка во одбраната, екипата коај ја предводи Перо Блажевски направи вистински пресврт. Во последните шест минути стигна до многу важна победа која ги остава на втората позиција на табелата, со само еден поен помалку во однос на лидерот МКК Куманово.
МАЏАРИ – ШКУПИ 76:74
(13-20; 21-21; 16-20; 26-13)
МАЏАРИ ГБ: К. Блажевски 23, Донаковски 8, П. Блажевски 18, Костиќ 7, Милков 4, Тодоровски 13, Исмани 3, Груевски -, Трифуновски -;
ШКУПИ: Лазаревски -, Величковски 10, Камбери 14, Димитровски 14, Стамат, Миновски 11, Прентовиќ 9, Стојанов 6, Исајловски -, Џеладини 8, Ристовски 2, Салиу -:
Гостите од Чаир имаа контрола над играта, секако и на резултатот во најголем дел од мечот. На влезот на последната четвртина, Шкупи водеше и со (61:50). Но уследи голем пад во нивната игра, исполнет со голем број на грешки. Не реализираа и доста обиди преку зоната на противникот, кој успеа да дојде и до егал резултат, дури и да поведе со (67:65).
Особено драматична беше завршницата на натпреварот. При резултат (75:73), Димитровски изнуди две слободни фрлања. Првото го погоди, но не и второто. А во преостанатите седум секунди, макар и половичен од линијата за слободни фрлања, беше Исмани, кој ги постави конечните (76:74).
Обидот на Миновски од преку цел терен беше неуспешен – победа за Маџари, кој сега е на скор (6-1), додека Шкупи има (5-2).
Братскиот двоец во составот на Маџари ГБ, Блажевски, искомбинира 41.поен (23 плус 18), со 11. поени помогна Тодоровски, додека Донаковски имаше 8, а Костиќ еден поен помалку.
Во гостинскиот тим, четворица двоцифрени играчи, Димитровски и Камбери запишаа по 14, Миновски имаше 11, а Величковски уште 10.поени.
А нова победа, седма по ред, запишаа кошаркарите на МКК Куманово. На гостувањето во прилеп беа подобри од Мега баскет, славеа со сигурни (93:71), и ја задрѓаа предноста во однос на конкуренцијата.
Победа на свој терен пак реализира и екипата на Соколи 1933 против Тетекс ТТК, (92:68), а пријатно изненадување направи екипата на МЗТ Скопје Уни банка, која беше подобра од Ангели. Во натпревар со малку поени, „сино-белите“ славеа со (58:53).
Денеска се одиграa уште два натпревари во кои младиот состав на Работнички 2018 го изненади Водно Санс, и победи на гостински терен во СРЦ „Кале“ со (80:77).
А „фенерџијата“ во лигата, екипата на Куманово 2009 не пружи силен отпор во дуелот со велешки Борец баскет. Гостите славеа со убедливи (63:39), и полека но сигурно фатија приклучок кон онаа „прва половина“ на табелата која има скор од четири победи и три порази.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО
Мега баскет – МКК Куманово 71:93
МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели 59:53
Маџари – Шкупи 76:74
Соколи 1933 – Тетекс ТТК 92:68
Водно Санс – Работнички 2018 77:80
Куманово 2009 – Борец баскет 48:71
ТАБЕЛА: МКК Куманово 14, Маџари 13, Шкупи 12, Соколи 1933 11, Ангели 11, Борец баскет 11, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Водно Санс 10, Мега Баскет 9, Работнички 2018 9, Тетекс ТТК 8, Куманово 2009 7 ;
ИДНО КОЛО (25.11)
Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка
МКК Куманово - Куманово 2009
Работнички 2018 – Шкупи
Борец баскет – Соколи 1933
Тетекс ТТК – Маџари
Ангели – Мега баскет