Овој викенд се одигра некомплетното 16. коло од Втората лига, кое и не донесе некои особено важни промени во изгледот на табелата.
Водечките екипи запишаа сигурни победи. Вардар на свој терен беше многу подобар противник од Борец Баскет, славеа „црвено-црните“ со повеќе од убедливи (104:79), и го оддржуваат чекорот во однос на екипите кои претендирата за првата позиција.
Кошаркарите на Соколи 1933 без особени проблеми славеа на гостински терен кај Кам Баскет (86:56), доволно да ја потврдат позицијата број 2, на која атакуваат и екипите на Ангели и Работнички 2018, кои својот меч ќе го одиграат на 2. март.
Дерби на ова коло беше она „езерското“. Особено ако се земе в предвид дека во салата „Билјанини извори“ во Охрид гостуваше струшки Црн Дрим.
На крајот, сигурна победа за домашната екипа (73:55), која со овие два бода држи приклучок со водечките екипи по 16 одиграни кола.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО
ГКК Охрид – Црн Дрим 73:55
Баскет Кам – Соколи 1933 56:86
Шкупи – МКК Куманово 65:67
Вардар – Борец Баскет 104:79
01.03: Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка
02.03: Ангели – Работнички 2018
ТАБЕЛА: Вардар 30, Соколи 1933 28, Работнички 26 (-1), ГКК Охрид 26, Ангели 25 (-1), МКК Куманово 24, МЗТ Скопје Уни Банка 22 (-1), Водно Санс 22 (-1), Шкупи 22, Борец Баскет 22, Баскет Кам 19, Црн Дрим 16;
ИДНО КОЛО (04.03)
Работнички 2018 – ГКК Охрид
Шкупи – Вардар
МЗТ Скопје Уни Банка - Ангели
Сокои 1933 - Водно Санс
Црн Дрим – Борец Баскет
МКК Кумамово – Баскет Кам