Екипите кои беа подоброрангирани на крајот на регуларниот дел, и имаа фаворитска улога, го оправдаа тоа со стартни победи на почетокот од разигрувањето за пополнување на две места во Првата лига.
Најубедлив старт имаше екипата нa Шкупи која со (110:74) славеше победа над велешки Борец Баскет. По релативно изедначениот почеток, екипата од Скопје имаше фуриозни десет минути. Во втората четвртина домаќините направија (39-15) за релаксирани втори 20.минути.
Во победничката екипа која се стекна со почетна предност (1-0) во серијата, листата на стрелците, со 17. поени ја предводеше Балоски, Џеладини стрелаше за 16, капитенот Камбери беше реализатор на 15.поени, Тачи постигна 13, а Димитровски уште 11.поени.
Во гостинската, Карталовиќ уфрли 16.поени, а Камишев и Колев додадоа по 13.
Маџари го совлада штипски Соколи 1933 со (89:80) и исто така поведе во четвртфиналната серија. Домашната екипа имаше одличен старт. Во првите десет минути се стекна со висока предност (29:16), која се покажа како недостижна за противникот.
Карло Блажевски реализираше 20.поени, Паоло Блажевски погоди шест тројки, и заврши со 18.реализации, додека капитенот на тимот од Маџари, Милков и Тодоровски постигнаа уште по 15.поени.
Во екипата од Штип, каде ќе се игра вториот меч од оваа серија, Коцев постигна 16.поени, Шајкаров даде еден помалку, а Мирков 14.
Најнеизвесно беше во салата „Независна Македонија“ во Скопје, каде се сретнаа локалните ривали, екипите на Ангели и на МЗТ Скопје Уни Банка. На крајот победата (70:66) остана за екипата од Драчево.
Трпески реализираше 17.поени во екипата-победник, која имаше водство на полувремето (37:33), но гостите од Аеродром го анулираа во третиот период од играта кој го добија со (23:17), дури и поведоа, со резултат (56:54).
Но на крајот се радуваа домашните кошаркари, кои имаа нешто подобра завршница кој им го донесе првиот поен во серијата „подобар во три натпревари“. Стојановски имаше 14.поени за екипата од Аеродром, а Стојковски погоди за десет.
Во последната пресметка од првиот круг од четвртфиналето, сосема очекувано, екипата на МКК Куманово стигна до убедлива победа против Мега баскет (81:47).
Кумановци имаа одличен старт, во кој дојдоа до (27:15) по десет минути игра. А на полувреме веќе беа на недостижни (45:26).
Капитенот Јанески постигна 17.поени за МКК Куманово на овој натпревар, Ренато Димитриевски дојде до 15, а Штерјов и Краљевски уште по 12.поени.
Во екипата од Прилеп, Стевананџија реализираше 12.поени, Велески имаше 10.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка 70:66 (1-0)
Маџари – Соколи 1933 89:80 (1-0)
Шкупи – Борец баскет 110:74 (1-0)
МКК Куманово – Мега баскет 81:47 (1-0)
*сериите во доигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“