05.05.2021

На првиот меч од полуфиналето, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ изгледаа моќно против Партизан Водно Санс (110:69)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 е на чекор до место во Првата лига

Екипата на Феникс 2010 го совлaда, и тоа убедливо составот на Партизан Водно Санс со (110:69) во првиот меч, и поведе со (1-0) во серијата од полуфиналето на плеј-офот за пополнување на Првата лига-мажи за сезоната 2021/2022.

Кошаркарите во „жолто-виолетова“ комбинација на дресот, доминираа од првата, до последната минута на играта на дуелот во населбата Маџари.

Уште на полувремето, тимот кој го предводи тренерот Денис Дервишевиќ се стекна со огромна предност. По 20.минути од играта во ова полуфинале, водеше со (48:21).

Па вториот дел претставуваше шанса и за оние играчи кои поретко добиваат шанса за настап, макар и во еден вака важен меч, по кој Феникс 2010 сега е на чекор до пласман во Првата лига.

Но тоа не ја промени ситуацјата на теренот, гостите не успеваа да се одбранат, и својата шанса во оваа серија ќе ја чекаат на вториот меч кога ќе бидат во улога на домаќини.