12.05.2021

Во „мајсторката“, убедлива победа над Партизан Водно Санс (79:49)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Феникс 2010 е нов прволигаш!

Екипата на Феникс 2010 од следната сезона ќе игра во Првата лига-мажи.

Во третиот и решавачки натпревар, избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ славеа против екипата на Партизан Водно Санс со убедливи (79:49). И со вкупни (2-1) во полуфиналната серија од плеј-офот за пополнување на Првата лига, обезбедија место во елитата на македонската кошарка.

По изедначеното прво полувреме во кое сепак, Феникс 2010 обезбеди предност од (46:39), во продолжението на „мајсторката“ на теренот во салата на ОУ „Наум Наумовски-Борче “ во населбата Маџари, постоеше само еден тим – домашниот.

Со феноменална игра во одбрата „жолто-пурпурните“ стигна до толку посакуваната цел. Победата добива на тежина ако се земе в превид дека беше реализирана без помошта на еден од најдобрите во екипата на Феникс 2010, репрезентативецот Андреј Митревски, кој поради повреда го пропушти решавачкиот натпревар.

Нешто порано, екипата на Ангели стана нов прволигаш откако со максимални (2-0) ја доби серијата против Чаир 2030.

Согласно со прпопизициите, овие две екипи ќе одлучат и кој ќе биде освојувач на трофејот наменет за најдобриот во Втора лига-мажи за сезоната 2020/2021.