23.11.2023

Во саботниот дуел, лидерот МКК Куманово го дочекува аутсајдерот Куманово 2009 како единствена екипа со максимален број на победи...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Историски момент за кумановската кошарка, фаворитот се знае

Со натпреварот Работнички 2018 -Шкупи закажан за петок навечер (од 19.часот), ќе стартува 8. круг од натпреварите во Втората лига-мажи.

Коло кое со себе носи некои интересни натпревари. А условно кажано дерби дуелот ќе се игра во Куманово, каде за прв пат по којзнае колку долго време, на игралиштето во салата на економското училиште „Перо Наков“, ќе се појават две екипи од Куманово.

Повторно условно, во улога на домаќин е екипата на МКК Куманово, актуелниот лидер на табелата и единствениот во оваа конкуренција кој досега има максимален ефект од седум победи. Гостин е довчерашниот прволигаш, Куманово 2009, или единствената екипа која сеуште нема ниту еден успешен резултат во Втората лига.

И извесно е дека во дуелот на првиот и на последниот на табелата, МКК Куманово е апсолутен фаворит.

И чаирчани важат како некои фаворити на гостувањето во „Градски парк“. Но на тоа добро познато место, особено за нивниот тренер, Тони Симиќ, ќе треба да го потврдат и на теренот против една од најмладите екипи во оваа конкуренција во која игра Симиќ Марио, синот на поранешниот македонски репрезентативец.

Во оние саботни второлигашки термини, возбудувања се очекуваат и во Велес, каде од 20.часот, Борец баскет го дочекува штипски Соколи 1933. Но и на мечот кој од 16 часот, стартува во СРЦ „Кале“ каде на теренот ќе се појават екипите на Водно Санс и на МЗТ Скопје Уни Банка.

Во неделната програма два натпревари...

Првиот во Тетово, каде од 18. часот, Тетекс ТТК ќе (по) бара изненадување во дуелот со екипата на Маџари, која досега прикажа неколку одлични изданија (има скор (6-1), додека пак во исто време, но во салата „Независна Македонија“, Ангели е домаќин на прилепски Мега баскет.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 8.КОЛО

24.НОЕМВРИ (ПЕТОК)

19.00: Работнички 2018 – Шкупи

Сала „Градски парк“ – Скопје

25. НОЕМВРИ (САБОТА)

16.00: Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/9WqxuKBbbdY?si=bgmtXtLp2pma4eMn

18.00: МКК Куманово - Куманово 2009

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0t_DvaxwB0I?si=NSiPLqOG_0fK44Zl

20.00: Борец баскет – Соколи 1933

Сала „Гемиџии“ - Велес

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7iKeOV_He5U?si=3e5-nuqd4lvdZY6h

26.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Тетекс ТТК – Маџари

Сала „Економско“ – Тетово

18.00: Ангели – Мега баскет

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/yb6UsRRWUB0?si=Oz0siDHe6CdlfvDR

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14, Маџари 13, Шкупи 12, Соколи 1933 11, Ангели 11, Борец баскет 11, МЗТ Скопје Уни Банка 11, Водно Санс 10, Мега Баскет 9, Работнички 2018 9, Тетекс ТТК 8, Куманово 2009 7 ;