13.11.2023

Искусното крило реализираше 30 поени во убедливиот триумф (61:41) на лидерот против младите аеродромци, за нив шестти по ред...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Јанески даде половина од поените за МКК Куманово, а Димитровски 39 за Шкупи против Соколи 1933

Екипата на МКК Куманово го продолжи победничкиот чекор во второлигашката конкуренција. Екипата на МЗТ Скопје Уни банка, не успеа да направи изненадување. Слави тимот кој од клупата го предводи Марин Докузовски со плус од 20.поени (61:41).

А уште една одлична партија прикажа Марјан Јанески. Извесно, екс-репрезентативецот е предобар за оваа конкуренција. Силното крило на кумановци даде половина од поените на својот тим. Односно 30. во убедливиот триумф, шестти по ред за МКК Куманово и оддржување на лидерското место на табелата.

Дербито на ова коло се играше во Чаир, поточно во салата на Средното училиште „Зеф Љуш Марку“. Се сретнаа екипите на Шкупи и на Соколи 1933, а на крајот, убедлива триумф запишаа домашниот состав кој славеше со (87:72). Петта победа за составот кој од пред извесно време го предводи Тони Симиќ.

Реализирана со далеку подобра игра во втората односно во третата четвртина. Или 20.минути во кои чаирчани направија скор (45:23), со кои го анулираа почетното водство на штипјани (22:20) во првите десет минути.

Блескава индивидуална изведба на овој натпревар имаше Љубиша Димитровски. Поранешниот младински репрезентативец го наполни кошот на противникот, застана на бројката од 39.реализации.  

Коцев реализираше 22.поени за екипата од Штип, која по овој пораз сега е на скор од  три победи и исто толку порази.

Победа број 4 за екипата на Ангели, кои беа подобар противник од Водно Санс. На крајот, славеа со сигурни (82:65), доволно за држење на чекор со водечките позиции на табелата во Втората лига.

А до својот прв успех во оваа конкуренција, дојдоа кошаркарите на Тетекс ТТК. На свој терен, во „дербито на дното“, во Тетово, беа подобри од екипата на Куманово 2009, со повеќе од убедливи (94:70).  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Тетекс ТТК – Куманово 2009    94:70

МКК Куманово – МЗТ Скопје Уни Банка      61:41

Ангели – Водно Санс       82:65

Борец Баскет – Мега баскет     69:63

Шкупи – Соколи 1933     87:72

13:11: Работнички 2018 – Маџари     

ТАБЕЛА: МКК Куманово 12, Шкупи 11, Ангели 10, Маџари 9 (-1), МЗТ Скопје Уни Банка 9, Борец баскет 9, Водно Санс 9, Соколи 1933 9, Мега Баскет 8, Работнички 2018 6 (-1), Тетекс ТТК 7, Куманово 2009 6;

ИДНО КОЛО (18.11)

Мега баскет – МКК Куманово

Водно Санс – Работники 2018

МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели

Куманово 2009 – Борец баскет

Маџари – Шкупи

Соколи 1933 – Тетекс ТТК