Дали некоја од трите екипи кои го одбранија домашниот терен и дојдоа до стартната предност во првите натпревари од четвртфиналните серии од плеј-офот, денеска ќе ја аврши работата?
Односно уште еднаш ќе бидат победници протов своевидните „предизвикувачи“.
Денеска својата шанса да останат во игра, да дојдат до „мајсторка“, ја гледаат три екипи.
Од 14.30 часот, во Битола, Хераклеа ја дочекува младата екипа на Фенис 2010 со желба да покаже многу повеќе во однос на првиот меч во Скопје, кој „фениксовци“ го решија убедливо во своја корист.
Нешто подоцна од 16.часот ќе се играат и средбите: Борец Баскет-Чаир 2030 односно Тетекс ТТК и Ангели.
Ангели беа и останаа големи фаворити во оваа серија. Доказ плус за тоа е и победата на првата средба во Скопје во која Ангели испратија порака дека се подготвени да одат до самиот крај – до место кое води во Првата лига.
Некако најнеизвесно се очекува да биде на натпреварот во Велес каде Борец Баскет ќе ја бара втората шанса да го победи Чаир 2030, екипа која засега има само еден пораз во мечевите од второлигашката конкуренција.
Првиот меч покажа дека велешани се блиску до тоа, но чаирчани се надеваат на уште подобро издание во кое ќе го имаат на располагање Јетмир Зекири. Играч кој доста значи за нивниот ростер во кој не беше на претходниот дуел на овие две екипи поради суспензија.
Во недела пак, од 16.30 часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“ својот прв меч од серијата ќе го одиграат екипите на Партизан Водно Санс и Шкупи. Требаше да играат пред неколку дена, но поради одлуката на Владата на РСМ за задолжително ПЦР тестирање пред официјални спортски натревари, беше одложен.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ – ЧТВРТФИНАЛЕ - ВТОР НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА:
14.30: Хераклеа – Феникс 2010
Сала „Боро Чурлевски“- Битола
16.00: Борец Баскет – Чаир 2030
Сала „Гемиџии“ - Велес
16.00: Тетекс ТТК – Ангели
Сала „Економско“ – Тетово
НЕДЕЛА:
16.30: Партизан Водно Санс – Шкупи (прв натпревар)
Сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје