Само две екипи по две одиграни кола во Втората лига-мажи може да се пофалат дека имаат максимален ефект.
Би се рекло очекувано, екипата на МКК Куманово ја помина и втората пречка. Победи тимот кој со ангажманот на Марин Докузовски како шеф на стручниот штаб, но и неколку искусни прволигашки играчи, на нималку лесното гостување во Велес.
Беа подобри од Борец Баскет (67:58), за максимален ефект „два од два“.
ФОТО: КК „Борец Баскет“ - Велес
Ист таков има и младиот тим на Водно Санс, кој славеше минимална победа на гостувањето во Бутел, каде беа за еден поен подобри од Шкупи (82:81).
До првите победи во новата првенствена сезона стигнаа и екипите на Ангели, која славеше на гостувањето во Тетово против Тетекс ТТК (77:50), маџари, коа на домашен терен беше подобра од МЗТ Скопје Уни Банка (82:64), Соколи 1933 која го совлада прилепски Мега Баскет (80:73).
Победа на гостински терен оствари и младиот тим на Работнички 2018 против некогашнито прволигаш Куманово 2009 со (81:72).
Токму Куманово 2009 и Тетекс ТТК се двете екипи кои се без успех во воведните две кола од новата сезона.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Борец Баскет – МКК Куманово 58:67
Куманово 2009 – Работнички 2018 72:81
Маџари – МЗТ Скопје Уни Банка 82:64
Тетекс ТТК – Ангели 50:77
Соколи 1933 – Мега Баскет 80:73
Шкупи – Партизан Водно Санс 81:82
ТАБЕЛА: МКК Куманово 4, Водно Санс 4, Мега Баскет 3, Ангели 3, Маџари 3, Шкупи 3, Соколи 1933, Работнички 2018 3, Борец Баскет 3, МЗТ Скопје Уни Банка 3, Тетекс ТТК 2, Куманово 2009 2;
ИДНО КОЛО (21.10)
Мега Баскет – Маџари
Партизан Водно Санс – Тетекс ТТК
МКК Куманово – Работнички
МЗТ Скопје Уни Банка – Шкупи
Куманово 2009 – Соколи 1933
Ангели – Борец Баскет