01.03.2024

Младиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка ќе се обиде да го победи оној кој досега е непобедлив...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Кумановци на сериозен испит во Аеродром

Екипата на МКК Куманово е неприкосновен лидер во Втората лига, а овој викенд се чини дека „сино-белите“ пред себе имаат ривал кој игра добро, во најголем дел од натпреварите победува, макар што ростерот, оној актуелниот кој го има МЗТ Скопје Уни Банка, како најголем недостаток го има – искуството.

Дуелот кој е закажан за сабота, од 15. часот во СЦ „Јане Сандански“ предизвикува и најголемо внимание во 17. рунда од натпреварите во второлигашката конкуренција. Меч во кој младиот тим кој го предводи Бојан Серафимов ќе се обиде да го победи оној кој досега е непобедлив.

Извесно, пред сериозен испит ќе биде и екипата на Шкупи, која оди во Штип, каде во недела, од 18.часот, ги чека дуелот со Соколи 1933.  

Во недела, но од 19.30 часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“, Маџари ќе го дочека составот на Работнички 2018, а ден подоцна, од 15.30 часот, во „Независна Македонија“ е локалната пресметка помеѓу екипите на Водно Санс и Ангели.

Интересна средба за место во плеј-офот во Прилеп, каде Мега баскет ќе биде во улога на домаќин на велешки Борец баскет.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 17. КОЛО

2. МАРТ (САБОТА)

15.30: МЗТ Скопје Уни Банка – МКК Куманово

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/qLG93xsAHPY?si=NQ6YBXqHlhSR8SWI

19.00. Мега баскет – Борец баскет

Сала „Добре Јовановски“ – Прилеп

3.МАРТ (НЕДЕЛА)

18.00: Соколи 1933 – Шкупи

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/AKuLH5bFWb8?si=mfHQovQJr31Nqnp8

19.30: Маџари – Работнички 2018

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/H8JWb07Gld4?si=ZKLZq6gbLs10u_YE

4. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.30: Водно Санс – Ангели

Сала „Независна Македонија“- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jphUKMLLoKQ?si=xbZradM0K0OJ5rRi

Тетекс ТТК - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 30, Шкупи 29, Ангели 26, МЗТ Скопје Уни Банка 26, Борец баскет 24, Соколи 1933 23, Мега Баскет 22, Водно Санс 21, Работнички 2018 21, Тетекс ТТК 18, Куманово 2009 14;