20.04.2024

Со победата во решавачкиот меч, против екипата на Соколи 1933 од (94:70), им се придружија на екипите на МКК Куманово, Шкупи и Ангели

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Маџари е последниот полуфиналист

Екипата на Маџари е четврттиот и последен учесник во полуфиналето од разигрувањето за пополнување на две места во Првата лига за наредната натпреваруваќка сезона.

Ова откако во третиот и решавачки меч во четвртфиналната серија, беа доста подобри од штипски Соколи 1933 и прославија победа (94:70) за втор поен во серијата и пласман во најдобрите четири екипи кои ќе се борат за два прволигашки билети.

Немаше многу неизвесности во т.н. „мајсторка“ која се играше во салата „Наум Наумовски-Борче“.

Од почетокот домашната екипа наметна силно темпо, предводени од капитенот Милков, Маџари брзо се стекна со солидна предност. На истекот на првата четвртина беше двоцифрено (22:12),а адо крајот на првото полувреме уште поубедливо (53:35).

Во ист стил играа домашните кошаркари и по паузата, и доста лесно го скршија отпорот на штипјани кои во оваа серија имаа сили само за победа на домашен терен.

Милков, со 25. реализации го водеше Маџари кон полуфиналето и серија против екипата на Шкупи. Настовски го следеше со 17, Паоло Блажевски постигна 16, неговиот брат Карло Блажевски имаше 13.поени.

Во штипскиот состав, Костадинов беше стрелец на 24.поени, а Дуев имаше уште 12.

Од претходно беше познато дека втората полуфинална серија која треба да даде уште едне финалист, ќе ја играат екипите на МКК Куманово и Ангели.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТ НАТПРЕВАР

Маџари - Соколи 1933               94:70 (2-1)

*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

МКК Куманово – Ангели

Шкупи - Маџари