03.12.2023

Чаирчани беа подобри од Тетекс ТТК (90:72), а Маџари многу подобар од Борец баскет (82:58).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Маџари и Шкупи држат чекор со лидерот, кумановци успешни и во Штип

По релативно изедначеното прво полувреме во кое екипата од Маџари сепак се стекна со предност (42:32), дилемите околу победникот беа симнати во третиот дел од играта. Оној во кој Маџари се стекна со двојно повисоки (64:44).

Карло Блажевски реализираше 29.поени, неговиот брат, Паоло уште 16, Милков и Донаковски додадоа по осум во победничката екипа која сега е на скор од осум победи и еден пораз.

На другата страна, кај Борец баскет, Камишев стрелаше за вкупно 17 поен, Карталовиќ постигна 13, а Зафирчев уште 11. Но не можеа да го надополнат отсуството на Стојковиќ и на Чадамов, ко се важен дел од тимот во оваа сезона.

Иако не блескаа, сепак, кошаркарите на Шкупи ја оправдаа фаворитската улога во натпреварот со Тетекс ТТК. На крајот победата делува и убедлива (90:72),и сосема доволна за скор (7-2) за чаирските „сино-бели“.

Искусниот Миновски беше прв стрелец, постигна 23.поени, следен од Џеладини со 19, Димитровски кој имаше 16 и Камбери, реализатор на 12.поени. Кај гостите од Тетово, најефикасен, со 17 поени, беше Василевски, Вапски даде 16, а искусниот Костовски уште 13.поени. 

Со добри игри продолжија и кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка, кои во „малото вечно дерби“ беа далеку подобри од Работнички 2018. Славеа со убедливи (97:71), за скор (6-3), со кој се „тука некаде“ при оние водечки позиции на второлигашката табела.

Во чекор со екипата на Ангели, која во ова коло ќе добие службени бодови поради неможноста екипата на Куманово 2009 како домаќин да обезбеди регуларни услови за игра во салата „Перо Наков“.

Многу важен триумф запишаа и кошаркарите на Мега баскет. Во Прилеп беа подобри од Водно Санс (97:88), со кои се чекор поблиску до оној средишен дел од табелата.

Дерби-дуелот на ова коло се играше во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, во кој се сретнаа екипата на Соколи 1933 и лидерот на табелата, МКК Куманово. Доста изедначено, со мала резултатска предност се играше во првите 20.минути, оние во кои кумановци имаа водство од (38:35).

Но во вториот дел, по краткото отсуство поради повредата на скочниот зглоб, Марјан Јаневски продолжи да го полни кошот на штипскиот второлигаш. На крајот, искусното крило застана на бројката од 30.поени во конечните (75:62) за МКК Куманово, кој има беспрекорен низ, девет натпревари-девет победи. А во оваа, Р. Димитриески додаде 15, а капитенот Стојановски уште 13 поени. Во домашната екипа, Костадинов реализираше 11.поени, а Стојменов и Коцев по десет.

Во следното, 10. коло следува уште едно големо дерби, во Куманово, играат двете првоплсирани екипи по деветте рунди. Лидерот на табелата, екипата на МКК Куманово го дочекува Маџари.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Шкупи – Тетекс ТТК          90:72

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 2018  97:71

Куманово 2009 – Ангели           0:20 сл.

Маџари – Борец баскет  82:58

Мега баскет – Водно Санс         97:88

Соколи 1933 – МКК Куманово 62:75

ТАБЕЛА: МКК Куманово 18, Маџари 17, Шкупи 16, Ангели 15, МЗТ Скопје Уни Банка 15, Борец баскет 14, Соколи 1933 13, Мега Баскет 12, Водно Санс 12, Работнички 2018 11, Тетекс ТТК 10, Куманово 2009 8 (-1);

ИДНО КОЛО (09.12)

Водно Санс – Куманово 2009

МКК Куманово – Маџари

МЗТ Скопје Уни Банка – Мега баскет

Работнички 2018 – Тетекс ТТК

Борец баскет – Шкупи

Ангели – Соколи 1933