Екипите кои се во горниот дел од табелата, Маџари и Шкупи, стигна до уште еден триумф на домашен терен. Па „растојанието“ помеѓу нив на табелата остана исто, екипата од Маџари (ефект 12-2) има еден триумф повеќе во однос на Шкупи.
По првото изедначено полувреме, во кое гостите од Прилеп пружија силен отпор (48:46) за домашната екипа, кошаркарите на Маџари направија двоцифрен плус во третиот дел. Го финишираа со повеќе од солидни (67:55), и мирно ги одиграа последните десет минути, за конечни (90:76).
А петмина домашни кошаркари завршија со двоцифрен број на поени. По 19 имаа Милков и П. Блажевски, К. Блажевски имаше 14, Тодоровски 12, а Настовски 10.поени.
Кај Мега баскет, Јаневски беше стрелец на 21.поен, Захариевски и Стевананџија имаа по 11, а Тодороски дополни со уште десет поени.
Во мечот кој треба да го одбележи ова 14. коло, во салата „Зеф Љуш Марку“, екипата на Шкупи славеше сигурен триумф против МЗТ Скопе Уни Банка (78:67). Домашната екипа доминираше од првата до последната минута, и апсолутно заслужено дојде до двата бода со кои сега има ефект (11-3) и е на два чекори пред младите „металци“ (скор 9-5).
До вториот успех во меѓусебните дуели во оваа сезона, Шкупи го предводеше новакот Двојаковски кој запиша 21.поен, Димитровски дополни со 16, Тачи имаше еден поен помалку, додека пак Џеладини заврши со десет поени.
Во составот на МЗТ Скопје Уни Банка, Талевски реализираше 17.поени, Спасовски имаше 13, Ангеловски 12, а Настовски уште 11.поени.
Победа на гостински терен пак реализираа кошаркарите на Водно санс. И тоа во Тетово, каде беа подобри од Тетекс ТТК со резултат (80:76).
Бутемаер постигна 26.поени, Ќириловски го следеше со 18, а Трајанов додаде 11.поени во конечниот резултат, додека пак на спротивната страна, онаа тетовската, Теофиловски даде 22, Вапски 13, Крстевски 12, а Шуменковски уште 11. поени.
Во недела од 14.часот, во Велес ќе играат Борец баскет и Ангели, екипа која исто така е аспирант за место во првата „четворка“.
На 13. февруари ќе се одиграат последните два натпревари од 14. коло, во кои се „инволвирани“ двата кумановски второлигаши.
Лидерот, екипата на МКК Куманово како номинален „гостин“, во својата сала „Перо Наков“ од 19.часот, ќе го дочека Работнички 2018.
Во исто време, но во салата „Јордан Мијалков“, во Штип, ќе играат екипите на Соколи 1933 и Куманово 2009.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14.КОЛО
Маџари - Мега баскет 90:76
Тетекс ТТК – Водно Санс 76:80
Шкупи – МЗТ Скопје Уни Банка 78:67
11.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)
14.00: Борец баскет – Ангели
Сала „Гемиџии“ – Велес
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/TX6Wwwwkdqs?si=Pg5oUYcQWcKAkIZJ
13.ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК)
19.00: Работнички 2018 – МКК Куманово
Сала „Перо Наков“ – Куманово
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/gyWQqpycsBQ?si=w9l5JBAp0jQgbKua
19.00: Соколи 1933 – Куманово 2009
Сала „Јордан Мијалков“ – Штип
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/roNskiCiXw0?si=oFYEjPRcNDQBgH4z
ТАБЕЛА: МКК Куманово 26 (-1), Маџари 26, Шкупи 25, МЗТ Скопје Уни Банка 23, Ангели 21 (-1), Борец баскет 19 (-1), Водно Санс 19, Мега Баскет 19, Соколи 1933 18 (-1), Работнички 2018 16 (-1), Тетекс ТТК 16, Куманово 2009 12 (-1);