27.11.2023

Гостите од Скопје со пресврт во второто полувреме го совладаа Тетекс ТТК (77:70), Ангели во неизвесен финиш подобар од Мега баскет (69:63)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Маџари „помина“ низ Тетово

Кошаркарите на Маџари ја продолжија победничката серија во Втората лига. Последна „жртва“ на екипата која ја предводи Перо Блажевски, беше тетовски Тетекс ТТК. Славеше Маџари со (77:70) со подобра игра во второто полувреме. Односно 20.минути во кои направија вистински резултатски пресврт. И негативата на полувремето (42:37), ја претворија во седми успех од осум одиграни мечеви. До новиот триумф ги водеа Тодоровски, стрелец на 17.поени, П. Блажевски кој даде 16, и К.Блажевски со 14.

Поблиску до горните позиции на табелата е и екипата на Ангели, која во доста неизвесен натпревар славеше победа над прилепски Мега баскет (69:63). Реализирана буквално во последните 60. секунди од играта. Но сепак доволна за петти успех во сезоната за тимот од Драчево, кој го носи на делба на позицијата број 4, која ја дели со Борец баскет и МЗТ Скопје Уни Банка.   

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

Тетекс ТТК – Маџари       70:77

Ангели – Мега баскет     69:63

Работнички 2018 – Шкупи        64:84

Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка 93:99

МКК Куманово - Куманово 2009        104:37

Борец баскет – Соколи 1933    78:63

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16, Маџари 15, Шкупи 14, Ангели 13, Борец баскет 13, МЗТ Скопје Уни Банка 13, Соколи 1933 12, Водно Санс 11, Мега Баскет 10, Работнички 2018 10, Тетекс ТТК 9, Куманово 2009 8;

ИДНО КОЛО (02.12)

Мега баскет – Водно Санс

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички 2018

Куманово 2009 – Ангели

Маџари – Борец баскет

Соколи 1933 – МКК Куманово

Шкупи – Тетекс ТТК