17.03.2024

Сите пет екипи во отсуство на лидерот МКК Куманово, запишаа планирани победи, без промени во поредокот на три кола пред крајот

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Максимален ефект на екипите од горниот дел на табелата

Без промени на табела во Втората лига по одигрување на 19.коло. Сите пет екипи кои се зад лидерот МКК Куманово (во ова коло беше слободне), забележаа, би се рекло планирани победи.

Шкупи, кој е на второто место (заедно со екипата на Маџари), имаше проблеми во првиот дел од мечот со Работнички 2018. Но ги надминаа „сино-белите“ со доста ефикасна игра во второто, за сигурен, убедлив триумф од (96:81), осми во серија во вториот круг од лигата.

Тачи беше реализатор на 17.поени, Камбери и Миновски постигнаа по 15,  поени, а Балоски 10 за екипата домаќин, која сега е на скор (14-3).

А кај Работнички 2018, Шошкиќ уфрли 18.поени, Гоцевски 12, а Саити уште 10.поени.

Маџари стигна до планираната победа против Тетекс ТТК, убедлива, со резултат (93:75), и остана во игра за позицијата број 2, со ист ефект како и онаа од Чаир.

Паоло Блажевски даде 18, а неговиот брат, Карло Блажевски 14.поени, Милков реализираше 12, а Настовски уште 11. поени  во победничката екипа. Во гостинската, Василевски постигна 15.поени, Теофиловски два помалку, а Крстевски заврши со 11.реализации.

Одлично второ полувреме одиграа кошаркарите на Ангели на гостувањето во Прилеп, по кое стигнаа до особено важна победа над Мега баскет со (87:74), со која го „чуваат“ четвртото место на табелата во пресрет на последните три кола од регуларниот дел на Втората лига.

Откако губеа на полувремето со (43:36), избраниците на тренерот Игор Гацов одиграа одлични 20.минути во кои направија голем пресврт, парцијално имаа плус 20 (55:35), и стигнаа до победата.

Н. Арсовски и Стојанов дадоа по 15.поени, а Атанасов и Богатиновски имаа по 12. реализации во гостинската екипа. Во домашната, Велески постигна 21.поен. Јаневски даде 17, а Јованоски имаше уште 12.  

До многу важен гриумф, кој ги става на позицијата број 6 на табелата, стигнаа кошаркарите на Соколи 1933. На домашен терен, во дуелот против директниот конкурент за место во плеј-офот, Борец баскет, беа подобри за пет поени (81:76).

Пресуди подобрата игра на штипјани во последните десет минути во кои ја анулираа негативата од шест поени (61:67), по три четвртини. Ја решија во своја корист со (20-9).

Коцев ги предводеше штипјани со 24.реализирани поени. Митев имаше 17, Мирков 15, а Костадинов придодаде уште 11.поени во овој за Соколи 1933 седми триумф во 17.одиграни натпревари.  

Митрев даде 25.поени за гостинската екипа, Карталовиќ имаше 16, а Петровски и Младеновски беа стрелци на 11.поени.

МЗТ Скопје Уни Банка го победи Водо Санс со убедливи (88:66) и остана во трката за 4.место на табелата кое ќе се обиде да го стигне во последните три кола.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО

Шкупи – Работнички 2018        96:81

Соколи 1933 – Борец баскет    81:76

Маџари – Тетекс ТТК       93:75

Мега баскет – Ангели     74:87

МЗТ Скопје Уни Банка – Водно Санс 88:66

МКК Куманово - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Шкупи 31, Маџари 31, Ангели 30, МЗТ Скопје Уни Банка 28, Соколи 1933 24, Борец баскет 24, Водно Санс 23, Мега Баскет 22,  Работнички 2018 20, Тетекс ТТК 18;

ИДНО КОЛО (23.03)

Водно Санс – Мега баскет

Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка

Борец баскет – Маџари

МКК Куманово – Соколи 1933

Тетекс ТТК - Шкупи

Ангели  - слободен