ФОТО: Момент од натпреварот МЗТ Скопје Уни Банка-Маџари
Кошаркарите на МКК Куманово стигнаа и до „баксузната“ 13.победа во второлигашката конкуренција откако на свој терен во салата „Перо Наков“ беа подобри од велешки Борец баскет (76:71).
Избраниците на тренерот Марин Долузовкси полека го кршеа отпорит на екипата од Велес Во првиот период имаа плус 7, (20:13), а до полувремето предноста беше удвоена, изнесуваше 14.поени, (37:24), и рутинерски одбранета во вторите 20.минути.
Во домашната екипа, искусниот Штерјов постигна 15.поени, Георгиевски даде еден помалку – 14, а капитенот Јанески реализираше уште десет поени.
На другата страна од теренот, Чадамов даде 18, Карталовиќ 17, а Младеновски уште 12. поени за Борец Баскет.
До многу важна победа стигна и второпласираната екипа во оваа конкуренција – Маџари. И тоа на гостински терен, против екипата на МЗТ Скопје Уни Банка На крајот триумфот во СЦ „Јане Сандански“ е и убедлив (92:70), за потврда на високата позиција на екипата која од клупата ја предводи Перо Блажевски.
ФОТО: Екипата на Маџари стигна до важен триумф во СЦ „Јане Сандански“
Карло Блажевски даде 20.поени, неговиот брат Паоло додаде 18, Настовски застана на 13, а Тодоровски имаше 11. поени за гостинската екипа која сега има скор од (11-2).
Кај МЗТ Скопје Уни Банка, Х. Настовски даде 16, а Стојановски имаше еден поен помалку. Младиот состав од Аеродром го запиша 4. пораз во 13.одиграни натпревари.
Блиску до овој скор сега е екипата на Ангели која високо го порази Тетекс ТТК со (83:63), па се доближи до позицијата број 4 со ефект од осум победи и пет порази.
Чекор напред на табелата направи и екипата на Мега баскет. Прилепчани пред својата публика беа сигурни против штипски Соколи 1933 (97:83), за седма позиција во вкупниот поредок кај второлигашите.
Очекувано, и без особен напор, Работнички 2018 го доби дуелот со некогашниот прволигаш, Куманово 2009 (80:58) и го остави на последното место на табелата, без ниту еден успех во 13.одиграни рунди.
А во последниот натпревар од ова 13. коло, екипата на Шкупи како гостин, го совлада Водно Санс со сигурни (96:80) и му се реваншираше за поразот во првиот круг од натпреварите.
Двојаковски и Џеладини имаа по 18.реализации кај Шкупи, екипа која сега има учинок од 10.победи и 3.порази , Миновски постигна 13.поени, Величковски 12, Тачи имаше 11.
Во домашната екипа, Трајанов запиша 16.поени, младинскиот репрезентативец, Наков даде 13, Бутемаер 12, а Стојанов уште 11.поени.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО
Работнички – Куманово 200980:58
МЗТ Скопје Уни Банка – Маџари 70:92
Ангели – Тетекс ТТК 83:63
МКК Куманово – Борец Баскет 76:61
Мега баскет – Соколи 1933 97:83
Водно Санс – Шкупи 80:96
ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 24, Шкупи 23, МЗТ Скопје Уни Банка 22, , Ангели 21, Борец баскет 19, Мега Баскет 18, Соколи 1933 18, Водно Санс 17, Работнички 2018 16, Тетекс ТТК 15, Куманово 2009 12;
ИДНО КОЛО (10.02)
Маџари - Мега баскет
Тетекс ТТК – Водно Санс
Работнички 2018 – МКК Куманово
Шкупи – МЗТ Скопје Уни Банка
Соколи 1933 – Куманово 2009
Борец баскет - Ангели