Екипата на МКК Куманово од наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига.
Ова откако во вториот, се покажа и решавачки натпревар од полуфиналната серија од разигрувањето за пополнување на Првата лига, уште еднаш беа подобри од скопски Ангели.
Славеше тимот кој го предводи тренерот Марин Докузовски со сигуни (71:56), и со максимални (2-0) ја затвори полуфиналната серија.
Воедно, со тоа се избори за место во финалето, но стана и првиот патник во друштвото на најдобрите од второлигашката конкуренција.
На натпреварот одигран во салата „Независна Македонија“, Ангели имаа подобар почеток, дури и водство во првата четвртина (13:12). Но работите почнаа да се менуваат на почетокот на втората. Период од играта во кој фаворитот го покажа својот квалитет, и до одморот се одвои на двоцифрена предност (39:26).
Во 33 минута, Ангели успеаја да се симнат на едноцифрен минус (45:54). Но по тајм-аутот на Докузовски, уследи серија од (6-0) за уште поголемо одвојување на МКК Куманово (60:45).
Капитенот Јанески реализираше 26, а Димитриевски додаде 10.поени кај сега веќе новиот прволигаш, додека пак, Атанасов имаше 12, а Оровчанец и Стојанов додадоа по десет поени за Ангели кои ќе играат за третото место, со поразениот од серијата Маџари-Шкупи.
Утре вечер, од 20.часот, во салата „Наум Наумовски-Борче“ се игра вториот меч од другата полуфинална серија во која се среќаваат екипите на Маџари и на Шкупи.
Гостите имаат (1-0) во серијата, и доколку слават на овој натпревар ќе бидат противник во финалето на МКК Куманово, и нови прволигаши.
Победа на Маџари ќе значи и одигрување на уште еден трет, решавачки натпревар.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ПОЛУФИНАЛЕ
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ - ВТОР НАТПРЕВАР
Ангели - МКК Куманово 56:71 (0-2)
1.МАЈ (СРЕДА)
20.00: Маџари – Шкупи
Сала „Наум Наумовски - Борче“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/dS-N33dMSkU?si=7jkRQRgEIpy8vFR3
*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“