25.11.2023

Лидерот славеше со убедливи (104:37), Шкупи без проблеми против Работнички 2018, се подобри игри на Борец баскет и МЗТ Уни Банка

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово е пресилен за Куманово 2009

И повеќе од очекувано, првопласираната екипа на табелата, МКК Куманово го декласираше последнопласираниот тим на табелата во Втората лига, Куманово 2009 со резултат (104:37).

И тоа без помошта на нивниот најдобар играч во изминатиот период, Марјан Јанески (повреда на скочниот зглоб), но со Александар Штерјов како нова опција во центарската линија.

Младиот Јован Стошиќ реализираше 28.поени за МКК Куманово, Р.оберто Димитриевски 17, Серафимовски имаше 13, а Богдан Стошиќ уште 12. поени за лидерот на табелата кој сега има осум победи во осум натпревари.

На победничките патеки се вратија кошаркарите на Шкупи кои во „Градски парк“ со убедливи (84:64) го совладаа Работнички 2018.

Чаирчани ја реализираа првата четвртина со сигурни (20:11), а до полувремето имаа уште повисоки (43:29). Разлика која избраниците на тренерот Тони Симиќ ја одржуваа во текот на оние втори 20.минути. Повеќе од доволно за шеста победа од почетокот на второлигашката сезона во која Димитровски даде 28.поени, Прентовиќ имаше 11, а Миновски уште 10.поени.

Важна победа во битките за горниот дел од табелата реализираа и екипите на МЗТ Скопје Уни Банка, на гостински терен, против Водно Санс (99:93).

Настовски беше стрелец на 28.поени, Спасовски 16, а капитенот Стојковски постигна 15.поени за составот од Аеродром кој сега има ефект (5-3), а Ќириловски 19.поени, Николовски 13, а Трипуновски и Трајанов по 10.поени за Водно Санс (скор 3-5).

Победа број 5, за Борец баскет, кој во салата „Гемиџии“ во Велес, беше убедлив против Соколи 1933 славејќи со високи (78:63).

Стојковиќ и Чадамов беа реализатори на по 20.поени за домашната екипа. Костадинов беше прв стрелец на екипата од Штип, постигна 19.поени, додека пак Коцев даде 11.

Утре се играат преостанатите два натпревари од осмото коло. Во Тетово, Тетекс ТТК го пречекува Маџари, додека пак во исто време (18.часот), во салата „Независна Македонија“, Ангели е домаќин на Мега баскет.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8.КОЛО

Работнички 2018 – Шкупи        64:84

Водно Санс – МЗТ Скопје Уни Банка 93:99

МКК Куманово - Куманово 2009        104:37

Борец баскет – Соколи 1933    78:63

26.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Тетекс ТТК – Маџари

Сала „Економско“ – Тетово

18.00: Ангели – Мега баскет

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/yb6UsRRWUB0?si=Oz0siDHe6CdlfvDR

ТАБЕЛА: МКК Куманово 16, Шкупи 14, Маџари 13 (-1), Борец баскет 13, МЗТ Скопје Уни Банка 13, Соколи 1933 12, Ангели 11 (-1), Водно Санс 11, Работнички 2018 10, Мега Баскет 9 (-1), Тетекс ТТК 8 (-1), Куманово 2009 8;