Екипата на МКК Куманово ќе презими на првото место во Втората лига. Ова стана јасно откако во дербито на првиот дел од сезоната во второлигашката конкуренција, кумановци излегоа како победници против Маџари. Во доста израмнет натпревар, во кој имаа постојано водство, кумановските „сино-бели“ славеа со резултат (64:57), па сега, по десет одиграни кола, побегнаа два чекори во однос на главните два конкуренти, Маџари и Шкупи (скор 8-2).
До новиот, десетти по ред триумф домашната екипа ја предводена Јанески и Јовановиќ, кои реализираа по 20.поени. На другата страна од теренот, Паоло Блажевски забележа 15.поени, Тодоровски имаше 13, а Карло Блажевски уште 11.реализации.
На вториот вечерашен натпревар, екипата на Работнички 2018 беше подобра од Тетекс ТТК. На крајот славеа „црвено-белите“, со сигурни (80:72).
Наредниот викенд, ќе се игра и последното 11. коло од првиот дел од натпреварите. Со себе носи уште еден натпревар кој се карактеризира како едне од поважните во оваа фаза од натпреварите. Во Скопје, Шкупи, екипата која е на делба на втората позиција, е домаќин на МКК Куманово, во обид да му го нанесе првиот пораз во досегашниот дел од натпреварувањето.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО
МКК Куманово – Маџари 64:57
Работнички 2018 – Тетекс ТТК 80:72
Водно Санс – Куманово 2009 115:60
Борец баскет – Шкупи 60:68
МЗТ Скопје Уни Банка – Мега баскет 103:67
Ангели – Соколи 1933 85:53
ТАБЕЛА: МКК Куманово 20, Шкупи 18, Маџари 18, Ангели 17, МЗТ Скопје Уни Банка 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 1933 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 13, Тетекс ТТК 11, Куманово 2009 9;
ИДНО КОЛО (16.12)
Мега баскет – Работнички 2018
Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка
Маџари – Ангели
Тетекс ТТК – Борец баскет
Соколи 1933 – Водно Санс
Шкупи – МКК Куманово