21.03.2024

Уште три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, за решение на последните дилеми

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово го „печатира“ првото место, сериозен испит за Маџари во Велес

Ден порано од онаа викенд програма, својот меч од 20. коло ќе го одигра актуелниот лидер на табелата. Утре, од 17.часот, кошаркарите на МКК Куманово во салата „Перо Наков“ ќе бидат домаќини на штипски Соколи 1933 во натпревар во кој треба да стават „печат“ на првото место, и практично, односно официјално да ја потврдат првата стартна позиција пред почетокот на доигрувањето за пополнување на двете места кои водат во Првата лига.

Кој ќе стартува од втората, во овие три кола е одлучат екипите на Шкупи и на Маџари, кои во досегашниот дел од натпреварувањето имаат идентичен ефект (14-3). А во овој круг, се чини дека доста потешка задача за да дојде до двата бода има екипата на Маџари, која гостува во Велес, каде за противник, во недела навчер, од 18.часот, ја има екипата на Борец баскет.

Една од оние кои се бори за место во плеј-офот, и извесно, ќе се обиде да го изненади фаворитот, макар и на хартија.

Во недела, но еден час порано, (17.00) во Тетово, Тетекс ТТК го пречекува Шкупи.

Тетовци имаат само една победа во изминатиот дел од натпреварите, заостануваат две во однос на екипата на Работнички 2018 (скор 3-14), која ги става во доста тешка ситуација во борбата за опстанок во оваа конкуренција. Освен победа над екипата која е на делба на втората позиција, тетовци мора да чекаат и порази на „црвено-белите“ кои во ова 20 коло, во сабота (, во СРЦ „Кале“ за противник го имаат составот на МЗТ Скопје Уни Банка. Со евентуален триумф би ги симнале сите дилеми околу опстанокот во Втората лига.  

Уште една неизвесност има околу тоа која екипа ќе заврши како осмопласирана, во овој случај, за таа позиција се борат екипите на Водно Санс и на Мега баскет (двете имаат по пет победи).

Па нивниот дуел, кој е закажан за недела, од 17.часот, во салата „Независна Македонија“, може да биде и решавачки за пласманот на позицијата 8, последната која води во доигрувањето, и извесно, четвртфинална серија против топ фаворитот, екипата на МКК Куманово.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 20.КОЛО

22.МАРТ (ПЕТОК)

17.00: МКК Куманово – Соколи 1933

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/f6Lb1bkWI-I?si=5ze0-WVHng8ziQN0

23.МАРТ (САБОТА)

13.00: Работнички 2018 – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7H8kTUep__Q?si=4PnGxZWjRRThlilJ

24.МАРТ (НЕДЕЛА)

17.00: Тетекс ТТК – Шкупи

Сала „Економско“ – Тетово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tuugAsFymL4?si=8rBsak7s8O_R-0oo

17.00: Водно Санс – Мега баскет

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8_fBE1PmqPM?si=gjtd-0lhghy5qAcR

18.00: Борец баскет – Маџари

Сала „Гемиџии“ – Велес

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8Ttn-ACxBas?si=2vfO4Wid1EGKToPa

Ангели  - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Шкупи 31, Маџари 31, Ангели 30, МЗТ Скопје Уни Банка 28, Соколи 1933 24, Борец баскет 24, Водно Санс 23, Мега Баскет 22, Работнички 2018 20, Тетекс ТТК 18;