16.04.2024

Вечерва би можеле да ги дознаеме и двете екипи кои ќе бидат дел од првата „четворка“

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово и Шкупи бараат втор поен за полуфинале

Согласно со календарот, нема многу време за одмор за осумте екипи од Втората лига кои разигруваат за две места во Првата лига.

А вечерва, по одигрувањето на двата натпревари еден во Прилеп, а другиот во Скопје, би можеле да ги дознаеме и првите полуфиналисти.

Двете екипи кои завршија на првите две позиции во регуларниот дел, МКК Куманово и Шкупи ги играат вторите натпревари од четвртфиналната серија од овој своевиден плеј-оф во Втората лига.

„Непобедливите“ од Куманово од 20.30 часот, имаат гостување во Прилеп, односно натпреварот против екипата на Мега баскет. А во исто време, и по договорот на двете екипи, уште еднаш за кратко време, во салата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, својот втор меч од серијата ќе го одиграат екипите на Борец баскет и на Шкупи.

Дтугите два натпревари од оваа прва елиминациска рунда ќе се одиграат во среда...

Од 16.часот, во СЦ „Јане Сандански“, екипата на МЗТ Скопје Уни Банка ќе се обиде да изедначи на (1-1) во пресметките со тимот на Ангели.

Неколку часа подоцна (19.00) во Штип, во иста „мисија“ ќе бидат и кошаркарите на Соколи 1933 кои за ривал го имаат составот на Маџари кој стигна до сигурна победа во првиот меч одигран изминатиот викенд во Скопје.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите кои први ќе запишат по две победи во овие серии.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

ДВОЈКИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

16.АПРИЛ (ВТОРНИК)

20.30: Борец баскет - Шкупи (0-1)

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hACC4haQyMk?si=7uawF8owATZnr-YD

20.30: Мега баскет - МКК Куманово (0-1)

Сала „Добре Јовановски“ – Прилеп

17.АПРИЛ (СРЕДА)

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Ангели (0-1)

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0KnNdrX1Z6U?si=dUElNUhIWX9C-Ibp

19.00: Соколи 1933 – Маџари (0-1)

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CA8vUIxrA80?si=XflA8sFwoMJIaYT2

*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“