ФОТО: Сигурна игра и убедлива победа на кумановци против Работнички 2018
И по три одиграни кола само две екипи во Втората лига-мажи имаат максимален ефект. Три меча-три победи, тоа се екипите на МКК Куманово и Водно Санс.
Пред своите гледачи, во салата „Перо Наков“, кумановци беа и повеќе од убедливи против „вториот тим“ на Работнички (94:55), додека пак екипата на Водно Санс стигна до третиот успех во новата сезона со сигурни (84:73) во дуелот со екипата на Тетекс ТТК.
Втора победа во серија реализираше и екипата на Ангели, во мечот со велешки Борец Баскет (81:65), а истото се однесува и за тимот на Маџари, кој освои два гостински бода во Прилеп, против Мега Баскет (72:59).
Победа број 2 и за екипата на Шкупи, а прва под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Тони Симиќ. особено важна, ако се земе в предвид дека е извојувана на гостински терен во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, против младиот состав на МЗТ Скопје (84:66).
Реализирана со многу подобра игра во второто полувреме (по истекот на првото, домашната екипа имаше предност од 43:39). особено во одбраната која му дозволи на противникот да постигне само 23. поени.
До вториот триумф во новата сезона, стигнаа и кошаркарите на Соколи 1933, и тоа на гостински терен, против поранешниот прволигаш Куманово 2009, на крајот тоа беше и убедливо (94:75) во корист на штипјани.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Мега Баскет – Маџари 59:72
Партизан Водно Санс – Тетекс ТТК 85:74
МКК Куманово – Работнички 2018 94:55
Ангели – Борец Баскет 81:65
МЗТ Скопје Уни Банка – Шкупи 66:84
Куманово 2009 – Соколи 1933 75:94
ТАБЕЛА: МКК Куманово 6, Водно Санс 6, Ангели 5, Маџари 5, Шкупи 5, Соколи 1933 5, Мега Баскет 4, , Работнички 2018 4, Борец Баскет 4, МЗТ Скопје Уни Банка 4, Тетекс ТТК 3, Куманово 2009 3;
ИДНО КОЛО (28.10)
МКК Куманово – Ангели
Работнички 2018 – Соколи 1933
Борец Баскет – Водно Санс
Маџари – Куманово 2009
Тетекс ТТК – МЗТ Скопје Уни Банка
Шкупи – Мега Баскет