МКК куманово успеа во намерата првиот дел, оној регуларниот од сезоната во Втората лига да го заврши со максимален ефект. Да ги добие сите 20.натпревари.
Последниот требаше да биде дерби, затоа што на теренот во салата „Перо Наков“ играа прво и второпласираната екипа на табеата во оваа конкуренција. Но од тоа немаше ама баш ништо, затоа што кумановци издоминираа уште еднаш, и стигнаа до повеќе од убедлива победа (105:71)
Кај МКК Куманово, Стојановски даде 23.поени, Јанески имаше 16, а Димитриевски уште 13.поени, додека кај гостите од Скопје, Џеладини постигна 16.поени, Тачи беше стрелец на 11 поени, исто толку имаше и Димитровски.
Во исто време, во салата „Независна Македонија“ во Скопје играа трето и четврттопласираната екипа на табелата, Ангели го дочека составот на Маџари, и на крајот го победи, со сигуирни (77:65), но тоа нема(ше) влијание на изгледот на табелата кога станува збор за четирите кои ќе имаат предност во четвртфиналните мечеви од доигрувањето.
Јаневски реализираше 12.поени, а Трпески, Атанасов и Богатиновски имаа по 11.поени за Ангели, а за екипата на Маџари, Карло Блажевски уфрли 16, а капитенот Милков додаде уште 12.поени.
Како шестопласирана екипа во своевидниот бараж за пополнување на двете места во Првата лига, ќе тргне екипата на Соколи 1933. Штипјани стигнаа до победа на гостувањето во Скопје против Водно Санс (101:90).
И покрај победата над Тетекс ТКК (83:62) во ова последно коло, седми на табелата остана составот на Борец баскет. Од друга страна, со поразот на гостувањето во Велес, и официјално Тетекс ТТК ќе биде втората екипа (покрај претходно исклучениот Куманово 2009) ќе ја напушти второлигашката конкуренција и во наредната натпреварувачка сезона ќе настапува во Третата лига.
Последното осмо место на табелата кое води во наредната фаза – доигрувањето, му припадна на прилепски Мега баскет, кој во последниот меч од овој дел, славеше тешка, но многу важна победа на гостински терен кај Работнички 2018 со резултат (73:71).
Па по 22. кола, односно 20. одиграни мечеви, прилепчани финишираа со ефект (7-13) со кој го поминаа Водно санс на табелата кој има (6-14).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО
МКК Куманово – Шкупи 105:71
Ангели – Маџари 77:65
Водно Санс – Соколи 1933 90:101
Борец баскет – Тетекс ТТК 83:62
Работнички – Мега баскет 71:73
МЗТ Скопје Уни Банка - слободен
ТАБЕЛА: МКК Куманово 40, Шкупи 36, Маџари 35, Ангели 33, МЗТ Скопје Уни Банка 31, Соколи 1933 29, Борец баскет 28, Мега Баскет 27, Водно Санс 26, Работнички 2018 23, Тетекс ТТК 22;
ДВОЈКИ – ДОИГРУВАЊЕ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
МКК Куманово – Мега баскет
Шкупи – Борец баскет
Маџари – Соколи 1933
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
*Сериите во доигрувањето, се играат според системот „подобар во три натпревари“