Екипата на МКК Куманово ја потврди улогата на фаворит и првото место на табелата во Втората лига на најдобар можен начин.
Со убедлива победа во директниот дуел со еден од конкурентите за местата кои водат во Првата лга – екипата на Шкупи.
Славеа избраниците на тренерот Марин Докузовски со убедливи (82:60) и само го потврдија она што беше најавено уште во воведната фаза од оваа сезона – дека се главни кандидати за место во елитното друштво.
На средбата во Скопје, им беа потребни две добри четвртини, првата и последната за да ја потврдат доминацијата на теренот.
Уште во првите десет минути се стекнаа со двоцифрена разлика (21:11), коај успешно ја оддржуваа во текот на оние други три. Во ниту еден момент ослабниот домашен тим во кој недостасуваа неколку играчи (Димитровски, Исајловски и Ристов), не беше играчки конкурентен против доста расположените гости од Куманово, во чии редови свои минути во дербито имаа Р. Димитриески и Стошиќ, кои дадоа по 18.поени, искусниот Јанески, кој доби нешто помал број на минути, броеше до 16, додека Јовановиќ дополни со уште 11. поени.
На другата страна, Џеладини уфрли 17 поени, а Прентовиќ имаше уште 14.
А екипата на Маџари се врати на второто место на табелата (скор 9-2), откако со пресврт во второто полувреме ја доби локалната пресметка против екипата на Ангели, со резултат (76:68).
Одлични 20 минути имаа гостите од Драчево, во кои обезбедија и водство од (39:32). Го чуваа се до последните неколку минути во кои домашната екипа и ја направи клучната серија вредна многу важна победа пред паузата во оваа конкуренција, во која следното 12. коло ќе се игра на 27. јануари, наредната година.
Паоло Блажески постигна 27. поени, капитенот Милков 16, а Карло Блажевски уште 15. поени за Маџари, додека пак во гостинската екипа, се издвоија Трпески со 17, Атанасов со 14, и Богатиновски кој реализираше 11. поени.
Натпревар со „НБА резултат“ одиграа екипите на Соколи 1933 и Водно Санс. Во натпреварот во Штип беа постигнати дуи 225 поени, но поголем дел од нив (дури 25) беа на страната на домашната екипа која славеше со (125:100).
Многу важна победа во битката за опстанок во Втората лига реализираа кошаркарите на Тетекс ТТК кои на домашен терен го совладаа велешки Борец баскет со (73:68).
Во последниот натпревр, одигран вечерва, беше и најдраматично. Во Прилеп, екипата на Работнички 2018 славеше со минимални (82:80) против Мега баскет, и со овие два бода го помина на првенствената табела.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
Соколи 1933 – Водно Санс 125:100
Шкупи – МКК Куманово 60:82
Маџари – Ангели 76:68
Тетекс ТТК – Борец баскет 73:68
Мега баскет – Работнички 2018 80:82
Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка одл.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи 19, Ангели 18, МЗТ Скопје Уни Банка 17 (-1), Соколи 1933 16, Борец баскет 16, Водно Санс 15, Работнички 2018 15, Мега Баскет 14, Тетекс ТТК 13, Куманово 2009 9 (-1);
ИДНО КОЛО (27.01.2014)
Куманово 2009 – Мега баскет
Маџари – Водно Санс
Тетекс ТТК – МКК Куманово
Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка
Борец Баскет – Работнички 2018
Шкупи - Ангели