Екипата која има максимален ефект во регуларниот дел, но и првата серија до елиминациите, МКК Куманово, ја продолжува победничката серија и во полуфиналето на плеј-офот за пополнување на две места во Првата лига -мажи.
Во првиот натпревар од полуфиналето, беа повеќе од убедливи против екипата на Ангели. Стигнаа до високи (77:47) повеќе од доволно за водство од (1-0) во серијата која за неколку дена се „префрла“ во Скопје.
Кумановци почнаа силно во одбранат, му дозволија на гостинскиот тим да реализира само осум поени во првата четвртина. Реализираа 17, и испратија најава дека сакаат да го продолжат трендот на победување. До полувремето, МКК Куманово веќе беше на плус од 16 поени (41:25), разлика која од минута во минута растеше и стигна до максимални 30.поени.
Капитенот Марјан Јанески реализираше 17.поени, Ренато Димитриески и Јовановиќ имаа по 11, додека Штерјов дополно со 10.
Во гостинската екипа, Оровчанец беше единствениот играч кој ја надмина бројката од десет реализации.
Втората полуфинална серија ќе стартува во сабота (од 20.часот) во салата „Зеф Љуш Марку“), а ќе се сретнат екипите на Шкупи и на Маџари.
Двата скопски ривали си „разменија“ по една победа (на домашен терен) во оној регуларен дел од сезоната. И извесно е дека нè очекува една неизвесна серија која треба да го даде и вториот учесник на Првата лига во наредната натпреварувачка сезона.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ - ПРВ НАТПРЕВАР
МКК Куманово – Маџари 77:47 (1-0)
27.АПРИЛ (САБОТА)
20.00: Шкупи – Маџари
Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IJKD-y2WsPU?si=pHkA3_R3b0F7xTbG
*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“