04.03.2024

Лидерот имаше сериозни проблеми во второто полувреме, но во продолжението од пет минути го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со (92:87)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово тешко „помина“ и низ Аеродром

Лидерската екипа во Втората лига, имаше сериозен испит на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“. Но на крајот успеа да го скрши отпорот на екипата на МЗТ Скопје Уни банка. Славеа „сино-белите“ со (92:87), но за да дојдат до својата 17. победа во сезоната требаше доста да се потрудат. Односно да одиграат екстра период од пет минути, откако во регуларниот дел беше нерешено (81:81).  

Кумановци имаа сигурна предност на полувремето (54:37), но се покажаа како недоволни за победа во регуларниот дел. Домашниот тим успеа да дојде до егал резултат, но немаше сили за комплетно изненадување.

Р. Димитриевски реализираше 25.поени, Георгиевски даде 20, а капитенот Јанески уште 18. поени за МКК Куманово.

Кај МЗТ Скопје Уни Банка, Настовски реализираше 23.поени, Спасовски имаше 16, а Стојковски уште 15.поени.

Такви проблеми немаше екипата на Маџари, која стигна до плус 20 (94:74) во дуелот против екипата на Работнички 2018.

Карло Блажевски го предводеше домашниот состав со 22.поени, Тодоровски имаше 19, а Настовски 14.поени. На другата страна,  Митев постугна 25, а Симиќ и Деспотовски по 11. поени.

Важна победа (88:79) на гостински терен во Штип, против Соколи 1933, постигна екипата на Шкупи. Го остава во трка за позицијата број 2 пред викенд пресметката на свој терен против екипата на Маџари.  

Димитровски беше прв стрелец на мечот во салата „Јордан Мијалков“, постигна 29.поени, Тачи и Миновски имаа по десет во победничката екипа.

Кај Соколи 1933, Шајкаров даде 22, Коцев имаше 15 а Дуев уште десет.

Битен триумф запишаа и кошаркарите на Мега баскет, кои на домашен терен, беа подобри од велешки Борец баскет (78:67), кој ги остава прилепчани во трка за осмата позиција, последната која води во доигрувањето за влез во Првата лига.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – МКК Куманово      87:92

Мега баскет – Борец баскет     78:67

Соколи 1933 – Шкупи     79:88

Маџари – Работнички 2018      94:74

04.03: Водно Санс – Ангели

Тетекс ТТК - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје Уни Банка 25, Ангели 24 (-1), Борец баскет 23, Соколи 1933 20, Мега Баскет 20, Водно Санс 19 (-1), Работнички 2018 18, Тетекс ТТК 16;

ИДНО КОЛО (09.03)

МКК Куманово – Мега баскет

Работнички 2018 – Водно Санс

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка

Шкупи – Маџари

Тетекс ТТК – Соколи 1933

Борец баскет - слободен