09.10.2023

Кумановци беа убедливи против Тетекс ТТК (100:66), Шкупи го доби локалното дебри со Ангели, велешани изненадија во „Градски парк“

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово тргна со „стотка“, гостински победи за Шкупи и Борец Баскет

Овој викенд беше резервиран и за официјален почеток на натпреварите од Втората лига во машка конкуренција.

Еден од најголемите кандидати за место во елитниот ранг на натпреварување, екипата на МКК Куманово стартуваше со убедлива победа. На средбата против Тетекс ТТТК, тимот кој од клупата го предводи Марин Докузовски дојде до сто поени, на противникот му препушти многу помалку - - 66.

Филип Стојановски постигна 17.поени, капитенот Јанески беше реализатор на 16.поени, исто колку и Димитриевски, додека Јовановиќ застана на 13. поени.

Во гостинската екипа, Ценовски даде 18, Теофиловски 11, а Николовски уште десет поени.

Првото коло од новата сезона го одбележаа и две гостински победи. Ги реализираа екипите на Шкупи и на Борец баскет.

Особено важна е онаа на екипата од Чаир, која во локалната пресметка во салата „Независна Македонија“ беше подобра од составот на Ангели (70:60).

Гостите ја добија првата четвртина (21:13), домаќините успеаја да анулираат добар дел од неа, и на полувреме, водството на Шкупи беше минимално (37:33). По изедначената трета четвртина, победникот беше одлучен во последната, кога чаирани дојдоа и до двоцифрена победа.

До неа ги предводеше Џеладини, стрелец на 22.поени, Миновски имаше 14, а Камбери 13.поени.

Во екипата на Ангели со 13 поени се издвои Богатиновски, следне од Арсовски со 12, и Јаневски кој постигна 10.поени.

ФОТО: Важна победа за велешани против Работнички во Скопје

Гостинска победа реализираа и кошаркарите на Борец Баскет. Во „Градски парк“ велешани беа подобри од Работнички (82:75), во натпревар во кој гостите имаа предност и поголема од 20.поени, а во кој Стојковиќ постигна 29. поени, а Митрев и Младеновски имаа по 10.

Најубедлив триумф на стартот запишаа кошаркарите на Мега Баскет, против Куманово 2009 (121:67), а домашниот терен го одбранија и Водно Санс, на средбата против квалитетниот состав на Маџари (98:92), и МЗТ Скопје Уни Банка во натпреварот против штипски Соколи 1933 (59:56).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

МКК Куманово - Тетекс ТТК      100:66

Водно Санс – Маџари     98:92

МЗТ Скопје Уни Банка – Соколи 1933          59:56

Ангели – Шкупи    60:70

Мега Баскет – Куманово 2009 121:67

Работнички – Борец Баскет      75:82

ИДНО КОЛО (14.10)

Борец Баскет – МКК Куманово

Куманово 2009 - Работнички

Маџари – МЗТ Скопје Уни Банка

Тетекс ТТК – Ангели

Соколи 1933 – Мега Баскет

Шкупи – Партизан Водно Санс