02.02.2024

Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за сабота, од 16.часот...  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Младите „металци“ бараат изненадување против Маџари

Најголемите возбудувања во овој круг од натпреварите се очекува да бидат во СЦ „Јане Сандански“ каде, во сабота, од 16.часот, младиот тим на МЗТ Скопје бара изненадување против Маџари, екипа која е подобро позиционирана на табелата по 12 одиграни кола.

Во овој момент, екипата од Маџари, е на ефект од десет победи и два порази, и е чекор понапред во однос на тимот од Аеродром (9-3), кој со евентуална победа и дефинитивно ќе се вклучи во битката за уште подобра позиција од постоечката.

Во ова коло, лидерот на табелата, екипата на МКК Куманово пред својата публика во салата „Перо Наков“ го пречекува велешки Борец баскет, додека пак третопласираниот тим во овој момент, Шкупи во недела навечер од 20.часот, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, му гостува на Водно Санс, една од екипите кои беа подобри од нив во првиот дел од сезоната.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 13. КОЛО

3.ФЕВРУАРИ (САБОТА)

13.00: Работнички – Куманово 2009

Сала „Градски парк“ – Скопје

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Маџари

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zEUOMIBWksA?si=H0c9LqyQ9hoU5TrH

18.00: Ангели – Тетекс ТТК

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zHL2zbGZRpY?si=FjiSSmSdcP9xIbtd

19.00: МКК Куманово – Борец Баскет

Сала „Перо Наков“ - Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3kcK9_D92TY?si=FyBeHpKsQRhBh7aa

19.00: Мега баскет – Соколи 1933

Сала „Добре Јовановски“ - Прилеп

4.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

20.00: Водно Санс – Шкупи

Мала сала СЦ „Борис Трајовски “- Скопје

ТАБЕЛА: МКК Куманово 24, Маџари 22, Шкупи 21, МЗТ Скопје Уни Банка 21, Ангели 19, Борец баскет 18, Соколи 1933 17, Мега Баскет 16,  Водно Санс 16, Работнички 2018 16, Тетекс ТТК 14, Куманово 2009 11;