09.02.2024

Дуелот во Скопје, е закажан за сабота навечер, од 18. часот...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Младите „металци“ го напаѓаат третото место на Шкупи

Колото број 14 во второлигашката конкуренција, како, условно земео, најзначаен, го означува натпреварот во кој ќе се сретнат екипите на Шкупи и на МЗТ Скопје Уни Банка.

Меч кој барем во овој момент, е битка за третото место на табелата кое во онаа финална фаза – плејофот носи предност од играње на домашен терен.

Шкупи важи за фаворит, впрочем екипата која ја предводи тренерот Тони Симиќ беше подобра од младите „металци“ на мечот одигран во Аеродром. Но тоа ќе треба да го потврди на теренот во салата „Зеф Љуш Марку“ во сабота од 18.часот.

Саботен термин во кој ќе се одиграат уште натпревари. Односно Маџари ќе го пречека прилепски Мега баскет, Тетекс ТТК е домаќин на Водно Санс. Ден подоцна, во недела од 14.часот, во Велес ќе играат Борец баскет и Ангели, екипа која исто така е аспирант за место во првата „четворка“.

На 13. февруари ќе се одиграат последните два натпревари од 14. коло, во кои се „инволвирани“ двата кумановски второлигаши. Лидерот, екипата на МКК Куманово како номинален „гостин“, во својата сала „Перо Наков“ од 19.часот, ќе го дочека Работнички 2018. Во исто време, но во салата „Јордан Мијалков“, во Штип, ќе играат екипите на Соколи 1933 и Куманово 2009.  

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ – 14.КОЛО

10.ФЕВРУАРИ  (САБОТА)

18.00: Маџари - Мега баскет

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Q0_52Rv59P0?si=Zi7B1dBunReVL7H9

18.00: Тетекс ТТК – Водно Санс

Сала „Економско“ – Тетово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/L35EgJ8RQnI?si=TXAd_VnLkTRLBt5y

18.00: Шкупи – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NiWuEvf6HA8?si=07jwZMR0ovMb5aXN

11.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

14.00: Борец баскет – Ангели

Сала „Гемиџии“ – Велес

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/TX6Wwwwkdqs?si=Pg5oUYcQWcKAkIZJ

13.ФЕВРУАРИ (ВТОРНИК)

19.00: Работнички 2018 – МКК Куманово

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/gyWQqpycsBQ?si=w9l5JBAp0jQgbKua

19.00: Соколи 1933 – Куманово 2009

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/roNskiCiXw0?si=oFYEjPRcNDQBgH4z

ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 24, Шкупи 23, МЗТ Скопје Уни Банка 22, Ангели 21, Борец баскет 19, Мега Баскет 18, Соколи 1933 18, Водно Санс 17, Работнички 2018 16, Тетекс ТТК 15, Куманово 2009 12;