25.04.2024

Вечерва (19.часот), прв полуфинален меч од разигрувањето за Првата лига

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Може ли Ангели да го изненади непобедливиот МКК Куманово?

Со дуелот во кој се среќаваат екипите на МКК Куманово и Ангели, вечерва „се отвора“ и полуфиналната серија од разигрувањето во Втората лига преку кое ќе бидат познати и новите членови на Првата лига за натпреварувачката сезона 2024/2025.

Од 19.часот, во салата „Перо Наков“ во Куманово, гостите од Скопје ќе се обидат да направат изненадување. Односно да бидат првата екипа која во оваа сезона успеала да биде подобра од досега непобедливиот кумановски состав.

За потсетување, МКК Куманово го заврши регуларниот дел од сезоната со максимален резултат, 20. победи во исто толку натпревари (онаа против Куманово 2009 е избришана поради откажувањето на другата екипа од Куманово).

Освен тоа,„сино-белите“ во два натпревари од првиот елиминациски круг беа подобри и од прилепски Мега баскет, па сега на почетокот на полуфиналната серија за противник го имаат составот од Драчево, кој исто така, во два натпревари, го елиминира тимот на МЗТ Скопје Уни банка.

Извесно, најдобрата екипа во досегашнито дле од сезоната во оваа вторалигашка конкуренција е голем фаворит и во оваа серија во која победникот ќе биде нов прволигаш.

Во онаа втората пак, која ќе стартува во сабота (од 20.часот) во салата „Зеф Љуш Марку“), ќе се сретнат екипите на Шкупи и на Маџари. Двата скопски ривали си „разменија“ по една победа (на домашен терен) во оној регуларен дел од сезоната. И извесно е дека нè очекува една неизвесна серија која треба да го даде и вториот учесник на Првата лига во наредната натпреварувачка сезона.  

Сепак, поради подобриот скор во меѓусебните дуели, екипата на Шкупи ја има предноста на домашен терен, и ќе биде домаќина на првиот, но и, доколку дојде до тоа и на третиот натпревар од ова полуфинале.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ – ПОЛУФИНАЛЕ

ДВОЈКИ - ПРВ НАТПРЕВАР

25.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК)

19.00: МКК Куманово – Маџари

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/aUtyfSN3-uI?si=e6H0kleqmuebkrrX

27.АПРИЛ (САБОТА)

20.00: Шкупи – Маџари

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/IJKD-y2WsPU?si=pHkA3_R3b0F7xTbG

*сериите во разигрувањето се играат според системот „подобар во три натпревари“