Десеттиот круг од натпреварите во Втората лига со себе го носи веројатно и дерби-дуелот на првата фаза од оваа конкуренција.
Во недела, (од 18. часот), во салата „Перо Наков“ во Куманово, се игра дуелот во кој ќе се сретнат двете првопласирани екипи на табелата во Втората лига.
МКК Куманово, како лидер и екипа која засега ги има сите девет победи, за противник ја има екипата на Маџари, кој заостанува само еден поен, односно има скор (8-1).
Извесно, победникот од овој натпревар ќе „презими“ и на првото место на табелата, со оглед на тоа дека конкуренцијата заостанува еден односно два и повеќе„чекори“.
А ништо помалку возбудливо се очекува да биде и на мечот во Велес, во сабота од 15.часот, во која Борец баскет за противник го има тимот на Шкупи, натпревар на две екипи кои се „стационирани“ во горниот дел на табелата, особено тоа се однесува за чаирчани, кои се третопласирани, (ефект (7-2).
Еден час подоцна (16.00), се подобриот состав на МЗТ Скопје Уни Банка ќе го пречека прилепски мега баскет, додека пак од 17. часот, во салата „Независна Македонија“ нè очекува уште еден неизвесен дуел. Оној помеѓу екипите на Ангели и на Соколи 1933.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 10. КОЛО
9.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)
14.30: Водно Санс – Куманово 2009
Сала „И.Х. Николов“ – Скопје
15.00: Борец баскет – Шкупи
Сала „Гемиџии“ – Велес
16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Мега баскет
Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
17.00: Ангели – Соколи 1933
Сала „Назависна Македонија“ Скопје
10.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: МКК Куманово – Маџари
Сала „Перо Наков“ - Куманово
18.00: Работнички 2018 – Тетекс ТТК
Сала „Градски парк“ - Скопје
ТАБЕЛА: МКК Куманово 18, Маџари 17, Шкупи 16, Ангели 15, МЗТ Скопје Уни Банка 15, Борец баскет 14, Соколи 1933 13, Мега Баскет 12, Водно Санс 12, Работнички 2018 11, Тетекс ТТК 10, Куманово 2009 8 (-1);