15.12.2023

Последното коло во 2023 година, го носи дуелот на двете екипи кои имаат прволигашки амбиции, Шкупи го предизвикува лидерот

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Најсериозен тест за квалитетите на кумановци, да бидат подобри и од Шкупи

Колото број 11 ќе биде и последното за оваа календарска година и во Втората лига-мажи. А го носи и дуелот во кој ќе се сретнат двете, во овој момент, провопласирани две екипи на табеата.

Шкупи (скор 8-2), на домашен терен. Во сабота, од 19.часот, во салата „Зеф Љуш Марку“ го дочекува досега непобедениот тим на МКК Куманово, секако во обид да го задржи чекорот со лидерот на првенствената табела.

Од друга страна исходот на овој меч ќе биде особено важен и за екипата на Маџари која има идентичен ефект како и Шкупи (осум победи и два порази), која нешто подоцна, од 19.30 часот, на својот паркет, во салата „Наум Наумовски-Борче“ ќе го игра својот меч од овој круг во кој за противник има уште една амбициозна екипа – Ангели.

Блиску до врвот се и кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка, кои евидентно, ќе чекаат кикс на водечките екипи за да се искаат и место погоре на табелата. Извесно е дека не би требало да имаат проблеми на гостувањето кај „фенерџијата“ во оваа конкуренција – Куманово 2009 во натпреварот кој и ќе го отвори 11. коло, а ќе се игра исто така во сабота, но од 18.часот во салата „Перо Наков“. Во истиот термин, во Штип играат Соколи 1933 и Водно Санс.

Два натпревари ќе се играат и во недела. Од 18 часот во салата „Економско“ во Теотов, Тетекс ТТК е домаќин на велешки Борец баскет, додека пак во Прилеп, ќе играат Мега баскет и Работнички 2018 (од 19. часот).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ:

ДВОЈКИ 11. КОЛО            

16.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NiSz3-NxIDM?si=5i6Z_ekM7U5fnEQT

18.00: Соколи 1933 – Водно Санс

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xXefrGU9F1s?si=sl_TU8viG4_eDjdf

19.00: Шкупи – МКК Куманово

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/08c4_Wh-deg?si=7VOCXftzM4-XcTQ1

19.30: Маџари – Ангели

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/DHcAHtjp-Hw?si=kA9mFqlvyHDf1RRd

17. ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Тетекс ТТК – Борец баскет

Сала „Економско“ - Тетово

19.00: Мега баскет – Работнички 2018

Сала „Добре Јовановски“ – Прилеп

ТАБЕЛА: МКК Куманово 20, Шкупи 18, Маџари 18, Ангели 17, МЗТ Скопје Уни Банка 17, Борец баскет 15, Водно Санс 14, Соколи 1933 14, Мега Баскет 13, Работнички 2018 13, Тетекс ТТК 11, Куманово 2009 9;