19.02.2024

Лидерот без проблеми славеше на гостински терен против Ангели (68:54)...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Нема проблеми за кумановци, во чекор ги следат Маџари и Шкупи

Трката за што подобри позиции во Втората лига продолжува со несмален интензитет, и без никакви промени на оние водечки места. Трите првопласирани екипи запишаа уште по една победа, доволно „распоредот на силите“ да остане непроменет.

МКК Куманово го продолжи победничкиот низ, стигнаа „сино-белите“ и до 15. победа во оваа конкуренција. На гостински терен беа подобри од екипата на Ангели. Славеа со сигурни (68:54), и ја задржаа предноста во однос на Макџари, екипа која во ова коло имаше најлесна задача. Да биде подобра од Куманово 2009, што на крајот се покажа и како точно во крајниот резултат, (94:38), и скор (13-2) за второ место во вкупниот поредок.

На чекор зад нив е екипата на Шкупи, која имаше доста проблеми да излезе како победник на гостувањето во Прилеп. Мега баскет се покажа како жилав противник, но екипата од Скопје го скрши отпорот на домашната во последната четвртина, за конечни (78:67) и ефект (12-3).

Поразот на Ангели го искористи екипата на МЗТ Скопје Уни Банка, која со сигурниот триумф над Тетекс ТТК (83:63) се проби на позицијата 4, со скор од десет победи и пет порази.   

До важна победа во трката за места кои водат во доигрувањето, стигнаа и кошаркарите на Борец баскет. Велешани беа подобри и како гости го совладаа Водно санс со резултат (82:72), за учинок (7-8) и моментално седма позиција на табелата.

Скор каков што има и штипски Соколи 1933 кои во оваој круг од натпреварите беа подобри од Работнички 2018, победија со  )93:86).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Тетекс ТТК   83:63

Ангели – МКК Куманово            54:68

Соколи 1933 – Работнички       93:86

Куманово 2009 – Маџари         38:94

Мега баскет – Шкупи      67:78

Водно Санс – Борец баскет       72:82

ТАБЕЛА: МКК Куманово 30, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје Уни Банка 25, Ангели 24, Соколи 1933 22, Борец баскет 22, Мега Баскет 20, Водно Санс 20, Работнички 2018 20, Тетекс ТТК 17, Куманово 2009 14;

ИДНО КОЛО (24.02)

Тетекс ТТК – Мега баскет

МКК Куманово – Водно Санс

Борец баскет – МЗТ Скопје Уни банка

Шкупи – Куманово 2009

Маџари – Соколи 1933

Работнички 2018 - Ангели