03.11.2024

Славеа стружани на свој терен против лидерската екипа (79:74), пет екипи со идентичен скор (3-1) по четири одиграни кола

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Нема веќе „непобедливи“, Црн Дрим подобар од Ангели

Екипата на Црн Дрим е првата која му нанесе пораз на Ангели од почетокот на новата првеенствена сезона во Втората лига. На свој терен, во салата „Нико Нестор“, стружани беа подобри од актуелниот лидер, и славеа многу важна победа (79:74), која донесе и измени на табелата по четири одиграни кола во оваа конкуренција.

Имаше Црн Дрим одлично прво полувреме во кое креираше убедлива предност (43:28). На гостите од Скопје им припадна последниот период од играта (29:17), но тоа не им беше доволно за пресврт, па мораше да се помират со првиот пораз во првенството.

Шабани постигна 22, Камиловски имаше 18, а Ѓоровиќ уште 17.поени  за домашната екипа која ја запиша третата победа во четирите досега одиграни натпревари. Кај Ангели, Стојановски беше стрелец на 21.поен, Атанасов даде 13, а Балов реализираше уште 12.поени.

Екипата на Маџари брзо се рехабилитираше за поразот во претходниот круг од натпреварите, и стигна до повеќе од убедлив триумф на гостувањето во Струмица.

Ја совладаа Академија ФМП со (94:58), во натпревар во кој Нацевски постигна 17, Петкоски уфрли 15.поени за победничката екипа, а  Милков и Трпески имаа уште по 13. Во домашната, Тодосиев постигна 17.поени, Тодорвски 15, а Панов додаде 12.поени.

Мошне ефикасен натпревар одиграа екипите на Работнички 2018 и на Бутел. Заврши со минимална победа (90:88) за гостинската екипа, втора во сезоната за составот на Бутел.

Екипа во која искусниот Хот беше реализатор на 19.поени, и предводеше група на играчи кои имаа десет или повеќе реализации. Тодоровски 17,  Мартиновски 15, а Матовски и Андоновски уште по 11. поени.

Цветковски постигна 31.поен за екипата на Работнички 2018, Нешовиќ го следеше со 22.реализации.

Улогата на фаворит ја потврдија и кошаркарите на Соколи 1933, кои пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ го совлада Охрид со убедливи (95:63).

Капитенот Караколев го предводеше својот тим со 25.постигнати поени. Костадинов имаше 21, а Шајкаров дополни со 15, а Гоцевски со 11.поени. Во охридскиот состав, Атанасов дојде до 14.поени, Бојовски имаше 11, а Димитриевску уште 8.поени.

Екипата на Партизан Водно Санс стигна до првиот успех во новото првенство, откако на домашен терен го порази прилепски Мега баскет со сигурни (95:82).

Д. Бутемаер со 25.поени беше и најефикасниот играч во домашниот тим во кој Башоски имаше 17, Димитриев додаде 16, Митев 11, а Димовски уште 10.поени.

Во екипата на Мега баскет поентерски се издвоија: Јаневски со 21.поен, Настески и Стојановски со по 14, односно Велески кој даде 11.

Во последниот меч од ова 4. коло, кошаркарите на Борец баскет стигнаа до голем и важен гостински триумф. Беа подобри за три поени од екипата на МЗТ Скопје Уни банка (78:75), што ги доенсе на ефект (3-1), и до делба на првата позиција на табелата.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Работнички 2018 – Бутел           88:90

Академија ФМП – Маџари        58:94

Црн Дрим – Ангели          79:74

Соколи 1933 – Охрид      95:63

Партизан Водно Санс – Мега баскет     95:82

МЗТ Скопје Уни Банка – Борец баскет       75:78  

ТАБЕЛА: Маџари 7, Соколи 1933 7, Борец баскет 7, Ангели 7, Црн Дрим 7, Мега баскет 6, Бутел 6, МЗТ Скопје Аеродром 6, Работнички 2018 5, Партизан Водно Санс 5, Охрид 5, Академија ФМП 4; 

ИДНО КОЛО (09.11)

Охрид – МЗТ Скопје Аеродром

Мега баскет – Работнички 2018

Борец баскет – Партизан Водно Санс

Маџари – Соколи 1933

Ангели – Академија ФМП

Бутел – Црн Дрим