По две одиграни кола, три екипи во Втората лига се со максимален резултат – две победи во исто толку одиграни натпревари.
Во вториот круг од натпреварите, довчерашниот прволигаш, екипата на ГКК Охрид го доби дуелот против екипата на Ангели со (85:72).
Слично се развиваа работите и на средбата во Македонско каменица, каде Баскет Кам беше сигурен во дуелот со струшки Црн Дрим (8674). А до втората победа во новата сезона од оваа конкуренција стигна и МКК Куманово против МЗТ Скопје Уни Банка. На свој терен, против некогашниот прволигаш, кумановци победија со сигурни (77:62).
Од друга страна, до првите победи во новата трка за две места кои водат во елитниот ранг, стигнаа и кошаркарите на Вардар и тоа на гости во Штип, против Соколи 1933 (77:60), како и Водно Санс кој беше многу подобар од велешки Борец Баскет (95:72).
Екипите на Шкупи и Работнички 2018 својот натпревар ќе го одиграат на 27. октомври (четврток) од 20.30 часот.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Ангели – ГКК Охрид 72:85
Соколи 1933 – Вардар 60:77
Водно Санс – Борец Баскет 95:72
МКК Куманово – МЗТ Скопје Уни Банка 77:62
Баскет Кам – Црн Дрим 86:74
27.10: Шкупи – Работнички 2018
ТАБЕЛА: Баскет Кам 4, МКК Куманово 4, ГКК Охрид 4, , Вардар 3, Водно Санс 3, Ангели 4. Соколи 1933 3, Шкупи 2 (-1), Црн Дрим 2, МЗТ Скопје Уни Банка 2, Борец Баскет 2, Работнички 1;
ИДНО КОЛО (29.10)
МЗТ Скопје Уни Банка – Шкупи
Црн Дрим – Водно Санс
ГКК Охрид – Вардар
Работнички 2018 – Баскет Кам
Соколи 1933 – МКК Куманово
Борец Баскет Ангели