Екипата на Партизан Водно Санс е последниот, четвртти учесник во полуфиналето на плеј-офот од Втората лига.
Скопските „црно-бели“ по втор пат беа подобри од екипата на Шкупи. Сега и на гостински терен, во Чаир, каде славеа со резултат (103:99), и со вкупни (2-0) ја затворија четвртфинапната серија.
Согласно со претходно утврдениот систем за натпреварување, формирани се и полуфиналните двојки. За пласман во финалето, но и во Првата лига за наредната натпреварувачка сезона 2021/2022 ќе играат:
Феникс 2010 – Партизан Водно Санс
Чаир 2030 – Ангели
Предноста на домашен терен во серијата „подобар во три натпревари“ ќе ја имаат подобро пласираните екипи: Феникс 2010 и Чаир 2030 кои беа најдобри во двете групи „Исток“ односно „Запад“ во регуларниот дел од сезоната во Втората лига.
РЕЗУЛТАТИ ПЛЕЈ-ОФ - ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Феникс 2010 – Хераклеа 64:88
Хераклеа – Феникс 2010 60:77
--------------------------------------------------
Ангели – Тетекс ТТК 97:53
Тетекс ТТК – Ангели 73:84
--------------------------------------------------
Чаир 2030 – Борец Баскет 80:73
Борец Баскет – Чаир 2030 97:87
Чаир 2030 – Борец Баскет 96:71
---------------------------------------------------
Партизан Водно Санс – Шкупи 83:77
Шкупи – Партизан Водно Санс 99:103