04.05.2022

По одигрување на денешните натпревари ќе бидат познати сите четири полуфиналисти

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Кој ќе му се придружи на Чаир 2030 во полуфиналето?

Кој ќе игра во полуфиналето од доигрувањето за пополнување на две места во Првата лига-мажи за наредната натпреварувачка сезона, ќе биде познато вечерва, по одигрувањето на трите решавачки натпревари од три четвртфинални серии.

Подобропласираните екипи од регуларниот дел од сезоната, се во предност, затоа што т.н. „мајсторки“ ги играат на свој терен.

Од 16.часот, во Велес, Борец Баскет го пречекува скопски Шкупи откако двете екипи си разменија по една домаќинска победа.

Нешто подоцна од 19.оасот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип за место во првата „четворка“ ќе се борат екипите на Соколи 1933 и на Струмица, додека пак овој круг од натпреварите ќе го затворат екипите на Вардар и Баскет КАМ, со натпреварот кој ќе се игра од 20.30 часот во салата на КК „Вардар“ во „Кале“.

Претходно, екипата на Чаир 2030 стана прв полуфиналистот на овој своевиден плеј-оф во оваа конкуренција откако во два натпревари беше подобар противник од Партизан Водно Санс.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ТРЕТ НАТПРЕВАР

4.МАЈ (СРЕДА):

16.00: Борец Баскет – Шкупи

Сала „Гемиџии“ - Велес

https://youtu.be/ix-TfDJF9J0

19.00: Соколи 1933 – Струмица

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

https://youtu.be/zVQa8hz0WIM

20.30: Вардар – Баскет КАМ

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

https://youtu.be/JHMxmStzuzE