Екипата на Ангели во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи.
Ова откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување излезе како победник, со (2-1, во победи) ја доби серијата против екипата на Соколи 1933 од Штип.
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 1933 82:70 (2-1)
Сосема солидно водство имаа штипјани на полувремето, изнесуваше осум поени (41:33).
Но во продолжението на „мајсторката“ вистински резултатски пресврт. Екипата на Ангели ја доби таа четвртина со (30:13), и стигна до големи (63:54).
Во последниот период, Соколи 1933 со серија од (9-4), намали на достижни (63:67), а до крајот имаше да се играат уште четири минути.
Домашната екипа одговори веднаш, и тоа со девет поени во серија, се оддалечи на висока позитива, (76:63), на нешто помалку од три минути до крајот на овој трет и решавачки меч за „влез“ во елитната конкуренција.
Гостите од Штип немаа доволно сили да „се вратат“ во мешот на одлука по кој Ангели успеаја во обидот да се стекнат со префикс на „прволигаш“.
Ибраими беше стрелец на 21.поен за Ангели, Стојанов имаше 17, а капитенот Стојаноски реализираше 14.поени.
Кај гостите, Костадинов финишираше со 22.поени, Тодороски имаше два помалку, а капитенот Караколев заврши со 12.поени.
Претходно, нов прволигаш стана екипата на Маџари, која во втората полуфинална серија беше подобра од МЗТ Скопје Уни Банка.
Овие две екипи ќе се борат за победничкиот пехар во Втората лига-мажи. Поразените од овие две серии, МЗТ Скопје Уни Банка и Соколи 1933 ќе разигруваат за третото место во оваа второлигашка конкуренција за оваа натпреварувачка сезона.