12.05.2025

Екипата од Драчево славеше со убедливи (105:57) за почетно водство (1-0) во полуфиналето против штипјани

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Ангели убедлив против Соколи 1933, на чекор до елитата

Кошаркарите на Ангели го направија првиот посериозен чекор кон пласманот во Првата лига откако во првиот полуфинален натпревар од серијата, беа многу подобри од штипски Соколи 1933.

Славеше тимот на тренерот Игор Гацов со повеќе од убедливи (105:57), за почетно водство од (1-0) во серијата во која нов прволигаш ќе биде екипата која ќе реализира две победи.

Многу работи станаа јасни на овој натпревар уште во првиот период од играта во кој екипата од Драчево изгради сериозно водство од (35:7), и практично заврши најголем дел од задачите на стручниот штаб.

Колективнито пристап кој го имаше домашната екипа услови петмина кошаркари да го завршат натпреварот со двоцифрен скор.

Наумоски реализираше 16.поени, Стојаноски и Стојанов имаа по 15, а Богатиновски и Ибраими по 12.поени.

Во разочарувачкото издание на Соколи 1933, Тодороски комплетираше 15.поени, капитенот Караколев додаде 11, а Костадинов уште 10.поени.  

Претходно, во втората полуфинална серија, и екипата на Маџари ја искористи предноста на домашен терен, и го совлада МЗТ Скопје Уни Банка со (83:75). За водство (1-0) во серијата која се сели во Аеродром каде се игра вториот натпревар.

РЕЗУЛТАТИ - ПОЛУФИНАЛЕ

Маџари – МЗТ Скопје Уни банка      83:75 (1-0)

Ангели – Соколи 1933   105:57 (1-0)