Само два натпревари беа потребни за да се формираат полуфиналните двојки во доигрувањето за пополнување на Првата лига.
Екипите кои имаа подобра стартна позиција пред „баражот“ ја оправдаа фаворитската улога. Исклучок од ова „правило“ направи екипата на МЗТ Скопје Уни Банка која беше подобра од струшки Црн Дрим. Славеше и на домашен терен младиот состав од Аеродром (77:65), па во полуфиналето ќе го предизвика топ-носителот – екипата на Маџари.
Во оваа прва елиминациска фаза, Маџари без проблеми стигна и до вториот поен во серијалот со Охрид. Во салата „Билјанини извори“ беа уште поубедливи (97:67), избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ.
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат екипите на Ангели, која победи и во Велес против Борец баскет (83:64), и Соколи 1933 кои во драматична завршница победија на гостувањето во Бутел со минимални (70:69).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ
Охрид – Маџари 67:97 (0-2)
Борец баскет – Ангели 64:83 (0-2)
Бутел – Соколи 1933 69:70 (0-2)
МЗТ Скопје Уни Банка – Црн Дрим 77:65 (0-2)
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
Маџари – МЗТ Скопје Уни банка
Ангели – Соколи 1933