Маџари ја искористи предноста на домашен терен и го совлада составот на МЗТ Скопје Уни Банка со (83:75), за почетно водство во серијата „подобар во три натпревари“.
Имаа подобро второ полѕувреме во кое ја стигнаа негативата од првото (37:39). А пресудија подобрите моменти кои фаворитот ги имаше во последниот дел од играта во кој стигна до планираниот успех.
Искусниот Димчевски постигна 25.поени за екипата-домаќин на овој натпревар, Димитровски даде 17, а Милков беше стрелец на 14.поени.
Кај гостите од Аеродром, Лазаров даде 16.поени, Ангеловски постигна 14, а Сибиновски имаше 12.
Утре вечер, од 18.часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, својот прв натпревар од серијата ќе го одиграат екипите на Ангели и на Соколи 1933.