14.05.2025

Победа и во реваншот против МЗТ Скопје Уни Банка (78:55) доволно за „влез“ во елитата, Соколи 1933 се избори за „мајсторка“ против Ангели

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ: Маџари е нов прволигаш

Екипата на Маџари во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од елитната конкуренција откако и во вториот натпревар беше подобра од младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка.

На реваншот одигран во СЦ „Јане Сандански“, екипата од Маџари дојде до победата (78:55), и со максимални (2-0) ја затвори полуфиналната серија од плеј-офот, што значи и нивни прв, историски пласман во Првата лига.

Димчевски реализираше 17.поени за екипата од Маџари, Димитровски даде 14, а Митков уште 13 поени. Капитенот Ангеловски даде 25.поени за МЗТ Скоје Уни банка.

Во вториот натпревар вечерва, оној во Штип, екипата на Соколи 1933 му се реванширашена Ангели. По голема борба, штипјани стигнаа до посакуваниот триумф (80:71) со кој израмнија на (1-1) во оваа серија, по што стана јасно дека ќе се игра и трет натпревар, кој ќе го одреди и вториот патник во Првата лига.

Капитенот Караколев го предводеше тимот на Соколи 1933 со 25.постигнати поени, Костадинов имаше 19,а Митев 13.поени. Во гостинската екипа, Стојанов броеше до 22.поени, Богатиновски постигна 13, а Атанасов уште 12. поени

Ќе се игра овој викенд, одново во салата „Независна Македонија“ во Скопје, каде Ангели ќе биде домаќин на т.н. „мајсторка“. 

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

ВТОР НАТПРЕВАР

МЗТ Скопје Уни банка - Маџари       55:78 (0-2)

Соколи 1933 – Ангели   80:71 (1-1)