Третиот натпревар од серијата го донесе и новиот прволигаш. Тоа е екипата на ГКК Охрид, која на мечот одигран во салата „Билјанини извори“ во Охрид, беше далеку подобар противник од штипски Соколи 1933
ГКК ОХРИД – СОКОЛИ 1933 64:55 (2-1)
(16-14; 22-12; 15-6; 11-23)
ГКК ОХРИД: Кузманоски 20, Н.Стојаноски 6, Дуриќ, Димитриески 3, Челик 2, Х. Стојаноски 6, Тодоровски, Балов 7, Бојовски 13, Столевски 7, Стевковски, Илијовски;
СОКОЛИ 1933: Гицев, Дуев 9, Митев 3, Димитриевски 20, Јовев 5, Калов, Стојков, Дончевски, Кацарски 9, Захариевски 9;
Од следната натпреварувачка сезона Охрид повторно ќе има прволигашка екипа. Тоа е ГКК Охрид, клубот кој со победата во третиот и решавачки натпревар излезе како победник против својот ривал од Штип.
Охриѓани максимално ја искористија предноста на домашен терен. На овој натпревар од самиот старт јасно покажаа дека се пдоготвени да одат во финалето, кое освен борба за титулата првак во Втората лига, обезбедува и место во највисокиот ранг на натпреварување – Првата лига.
По релативно изедначенагта прва четвртина, која сепак им припадна на домашните кошаркари (16:14), првото посериозно водство ГКК Охрид го реализираше во втората. На полувремето поведоа и со двоцифрена разлика (38:26).
А по паузата од 15.минути притиснаа уште повеќе, и во третиот дел од оваа „мајсторка“ ги трганаа сите дилеми. Дојдоа до недостижни за штипјани (53:32). Па последниот дел се претвори во една обична формалност, односно промоција на охриѓани во нови прволигаши, заедно со екипата на Вардар, која нешто порано во само два натпревари, ја затвори серијата со Ангели.
Кузманоски со 20, и Бојовски со 13 поени, ја поведоа охридската дружина до толку посакуваниот втор поен во оваа полуфинална бараж-серија против Соколи 1933 во чии редови единствен на нивото кое го носи овој значаен натпревар беше само Димитриевски кој реализираше 20.поени.