10.05.2023

Штипјани се реваншираа, пред својата публика славеа со (79:70) за егал-скор во полуфиналето

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Соколи 1933 и Охрид ќе играат и трет меч за место меѓу прволигашите

Кој ќе игра следната сезона во Првата лига, Соколи 1933 или ГКК Охрид ќе одлучи третиот меѓусебен дуел на овие два второлигаши.

Ова откако екипата од Штип успеа да победи на вториот меч од серијата, и да го израмни скорот на (1-1) по кој јасно е, овој викенд, во Охрид, ќе се игра и трет, решавачки натпревар.

СОКОЛИ 1933 – ГКК ОХРИД       79:70 (1-1)

По доста израмнетото прво полувреме во кое сепака, штипјани се стркнаа со минимална прендост (35:34), се чини дека по паузата од 15. минути беше решено се околу тоа која екипа ќе излезе како победник на овој натпревар во салата „Јордан Мијалков“.

Домашната екипа го доби тој трет дел од играта со убедливи (28-15), по кои се одвои на недостижни (63:49). Гостите од Охрид се обидуваа со сите расположиви сили да ја стигнат двоцифрената негатива. Во последниот период се што сторија беше да се доближат на негатива од шест поени (67:61). Така беа бројките на семафорот во 38.минута. Но веќе во наредниот напад, Димитриевски погоди многу важна тројка, за одвојување на високи (70:61) кои екипата од Охрид не успеа да ги анулира, па за тоа кој ќе игра во Првата лига во следната сезона, ќе одлучи третиот натпревар, кој одново ќе  се игра во слаата „Билјанини извори“ во Охрид.