07.05.2023

Двете екипи ја искористија предноста на домашен терен и го добија првите мечеви против Ангели, односно Соколи 1933

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Вардар и Охрид се чекор поблиску до Првата лига

Домашниот терен се покажа како пресуден фактор во првиот круг од полуфиналните натпревари во Втората лига. Екипите на Вардар и на ГКК Охрид се стекнаа со почетно водство од (1-0) во сериите кои треба да ги дадат двата нови членови на Првата лига за сезоната 2023/2024.

ВАРДАР – АНГЕЛИ 83:78 (1-0)

(17-23; 21-16; 24-16; 21-23)

Гостите одиграа подобро на почетокот, во првите десет минути се стекнаа со солидна предност од шест поени (23:17). Втората четвртина беше „вардарова“, означи враќање на домашните кошаркари во овој прв меч од сериата. До полувремето, Вардар дојде на минус еден поен (38:39).

Се чини дека клучна за конечниот исход беше третата четвртина, онаа во која домапнит екошаркари за прв пат се овоија на пристојна предност. Во тие десет минути направија комплетен пресврт, и последниот дел од играта го дочекаа со водство од (62:55).

На пет минути пред крајот, резултатот во салата „Под Кале“ беше егал (70:70). Но младите кошаркари во „црвено-црна“ комбинација направија серија од (8-0) доволно да се одвојат уште еднаше, сега на (78:70). Разлика која се покажа како недостижна за гостите од Драчево, кои ќе бидат домаќини на наредниот меч во серијата.  

Хусеин Бајрам одигра одличен натпревар, кој го круниса со 33. реализации за Вардар, Коцев постигна 14, Митков имаше13, а Атанасов 10 поени.  

Во екипата на Ангели, Арсоски беше стрелец на 17.поени, еден помалку постигна Димитровски, додека пак Богатиновски и Аргировски дополнија со по 11 поени.

*Охридскиот претставник во полуфиналето на второлигашкиот плеј-оф , се покажа како подобар од штипскиот, на првиот меч од серијата во која една до двете екипи треба да оствари две победи кои даваат прволигашки статус.

ГКК ОХРИД – СОКОЛИ 1933     84:68 (1-0)

(19-14; 22-18; 23-15; 20-21)

Домашните кошаркари имаа контрола и на играта и над резултатот во текто на сите 40.минути. Практично постојано беа во водство, на крајот на првата четвртина имаа (19:14), на полувремето имаа уште повисоки (41:32). На противникот „му пресудија“ во третиот дел од играта во кој парцијално направија (23-15), за недостижно водство од (64:47), за стартни (1-0) во серијалот кој води кон Првата лига.

Во екипата-победник, онаа од Охрид, Н.Стојаноски реализираше 20.поени, Димитриески 16, Х. Стојаноски и Столески по 11, а Челик имаше уште десет. Во онаа од Штип, каде за неколку дена ќе се игра натпреварот број 2, од оваа полуфинална серија, Јовев имаше 16. реализирани поени, Кацарски даде 14, Калов два помалку, а Митев го заврши овој меч со девет поени.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ - ПРВИ НАТПРЕВАРИ

ГКК Охрид – Соколи 1933         84:68 (1-0)

Вардар – Ангели   83:78 (1-0)