Екипата на Партизан Водно Санс се стекна со водство од (1-0) во четвртфиналната серија од плеј-офот во Втората лига, против екипата на Шкупи.
На домашен терен, со голем пресврт дојдоа до триумф од (83:77), по кој се на само еден чекор до пласман во полуфиналето.
А таму се веќе екипите на Феникс 2010 и на Ангели, кои овој викенд славеа уште една победа во дуелите со Хераклеа, односно Тетекс ТТК.
Трет натпревар пак ќе одиграат екипите на Борец Баскет и Чаир 2030, откако велешани стигнаа до победата на свој терен (97:87).
ВТОРА ЛИГА - МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ – ЧEТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ
Партизан Водно Санс – Шкупи 83:77 (1-0)
Хераклеа – Феникс 2010 60:77 (0-2)
Борец Баскет – Чаир 2030 97:87 (1-1)
Тетекс ТТК – Ангели 73:84 (0-2)